Cackov, Oliver and Ilieva Nikolova, Anita (2023) Македонскиот фронт низ фотографии (1915-1918). Kloning, Stip. ISBN 978-608-242-149-0
Text
Makedonskiot front niz fotografii (REPOZITORIUM UGD).pdf Download (261kB) |
Abstract
Оваа наша најнова книга, или попрво албум, со
непретенциозен наслов Македонскиот фронт низ
фотографии (1915 – 1918), претставува логично
продолжение на она што беше наш примарен
научноистражувачки фокус во изминатите две
години – микро и макро историско истражување
и (пре)откривање на периодот на Големата војна
и особено случувањата на Македонскиот фронт.
Оттука, не само заради годината на издавање и
техничкото обликување и формат, таа треба да се
смета за интегрален дел од заокружената целина
во којашто се опфатени нашите претходни две
книги: Лексикон на Македонскиот фронт (1915 –
1918) и 25-от час на Македонскиот фронт (1915
– 1918), како и учебникот Балканските војни и
Првата светска војна (Штип, 2022), наменет за
студентите од групата Историја со археологија
при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.Општ впечаток е дека илустрирани книги,
всушност се прават мошне лесно, но она што за нас
претставуваше голем предизвик и што беше наша
единствена цел, е да се направи илустрирана книга,
составена исклучиво од авторски фотографии –
амбиција којашто, во услови на крајно ограничени
технички и материјални средства, воопшто не е
лесно остварлива. Затоа, со гордост нагласуваме
дека од вкупниот број застапени фотографии
во оваа книга, којшто изнесува над 150, повеќе
од 95% се оригинални, а фотографии од други
автори и извори се користени само на оние места
каде што сметавме дека споредбата може да биде
интересна или полезна.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Oliver Cackov |
Date Deposited: | 29 Nov 2023 11:22 |
Last Modified: | 29 Nov 2023 11:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32653 |
Actions (login required)
View Item |