Kertakova, Marija (2023) Годишна изложба на студентите од Технолошко-технички факултет 2023. [Show/Exhibition]
Text
ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ТТФ 2023.pdf - Published Version Download (2MB) |
Abstract
На 16 Мај 2023 година во уметничката галерија „Безистен“ во Штип се одржа традиционална годишна изложба во која учествуваа студентите од три образовни институции: Ликовната Академија, Музичката Академија и Технолошко-техничкиот Факултет. На изложбата беа презентирани многубројни уметнички дела, изработени по одредени теми и со различни техники. Дел од презентациите претставени на годишната изложба беа изработени од страна на студентите од Технолошко-техничкиот факултет од насоката Дизајн на текстил и облека, кои ги претставија своите дела работени во текот на изминатата учебна 2022/2023 година. Проф. д-р Марија Ќертакова во улога на ментор ја претстави својата работа и работата на своите студенти со кои работеше по предметите: модна илустрација, историја на облека, дизајн на модна колекција и модни аксесоари и модно портфолио. Настанот беше посетен од страна на професорите од Ликовната и Музичката Академија и Техничко-технолошкиот факултет, студентите од целиот Универзитет, како и од страна на реномирани уметници, ликовни педагози и културно-уметнички аналитичари и критичари.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Marija Kertakova |
Date Deposited: | 17 Nov 2023 12:43 |
Last Modified: | 17 Nov 2023 12:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32561 |
Actions (login required)
View Item |