Mitrev, Sasa (2004) Проучување на фитоплазмите како причинители на заболувања кај различни земјоделски култури. [Project]
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_marijana.kroteva_Desktop_Proucuvanje na fitoplazmite kako priciniteli na zaboluvanja kaj razlicni zemjodelski kulturi.pdf Download (534kB) | Preview |
Abstract
Според испитувањата на виновата лоза во светот, се смета дека виновата лоза е домаќин на повеќе од 32 фитопатогени габи, повеќе од 55 вируси и 3 бактерии. Болестите, за кои денес со сигурност се знае дека се предизвикани од фитоплазми (потврда со употреба на најновите молекуларни методи), многу долго се сметале за вирусни (околу седумдесет години после откривањето на вирусите) (Saglio and Whitcomb, 1979)).
Фитоплазмите предизвикуваат многу деструктивни заболувања кај виновата лоза и претставуваат проблем во современото лозарство, посебно во големите значајни виноградарски земји (Франција, Италија, Шпанија) (Boudon-Padieu, 2000).
Појавата на жолтило кај виновата лоза, може да биде предизвикана од фитоплазми од 7 различни рибозомални групи: 16SrI, 16SrII, 16SrIII, 16SrV, 16SrVII, 16SrX и 16SrXII ( Gibb et al. 1999; Varga et al., 2000; Boudon-Padieu, 2003).
Појавата на жолтило кај листовите на виновата лоза е позната во многу региони на Европа. Фитоплазми кои се значајни за Европа и кои се со сигурност детерминирани се: Flavescence dorée (FD-16SrV subgroup) и Bois noir (BN-16SrXII-A subgroup).
Знаејќи ја симптоматологијата на заболените растенија како и степенот на загуби во приносот во светот, а притоа земајќи ја во предвид минималноста во контролата и испитувањата во Македонија, беа главен предуслов за да се размислува кон сериозно следење на промените кај виновата лоза како и лабораториски тестирања со цел да се докажат причинителите на тие промени.
Во Македонија првите симптоми на жолтеење кај виновата лоза биле забележани во 1975 година во Неготинско, Кумановско, Струшко, Дебарска Жупа и во околината на Богданци. Поголем број на симптоматични растенија од винова лоза биле забележани кај сортата Шардоне (Пејчиновски, необјавени податоци).
Одтогаш е започнато со следење на симптоматологијата на патогените предизвикувачи на болести кај виновата лоза и во 2001 год е објавен преглед на патогените промени кај виновата лоза во регионот (Митрев и сор. 2001).
Имајќи ја во предвид симптоматологијата и биологијата на патогените, мошне е тешка идентификацијата доколку се проучуваат само симптомите кај виновата лоза.
Затоа во 2003 год за прв пат е извршена молекуларна идентификација кај симптоматични сорти Вранец и Шардоне, во околината на Велес и Скопје, во заедничка соработка со колеги од Хрватските. Притоа потврдено е присуството на Bois noir (BN) (stolbur fitoplazma), со PCR-RFLP анализи на рибозомалните и нерибозомалните гени кај симптоматичните сорти на винова лоза (Šeruga et al., 2003).
Ова испитување е од голема важност за Р. Македонија, затоа што ова е прв чекор во подетално навлегување во областа на заштитата на виновата лоза, откривање на причинителите на болести кај виновата лоза и спречување на раширување на болестите преку посадочен материјал и контрола на младите лозови насади.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Marijana Kroteva |
Date Deposited: | 10 Dec 2012 16:45 |
Last Modified: | 10 Dec 2012 16:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3239 |
Actions (login required)
View Item |