Клинички аспекти и третман на постирадијациона ксеростомија

Rogoleva Gjurovski, Sonja (2022) Клинички аспекти и третман на постирадијациона ксеростомија. In: Единаесетти симпозиум со меѓународно учество: Промени во усната празнина и лицевата регија - епидемиолошка состојба, превенција, дијагностика и третман, 19 Nov 2022, Мултимедијален центар - Штип.

[thumbnail of Симпозиум 2022.pdf] Text
Симпозиум 2022.pdf

Download (731kB)
[thumbnail of predavanje SOnja-Simpozium2022.pdf] Text
predavanje SOnja-Simpozium2022.pdf

Download (2MB)
[thumbnail of Биографија и Апстракт.pdf] Text
Биографија и Апстракт.pdf

Download (133kB)

Abstract

Правилната и непречена функција на саливарните жлезди овозможува продукцијата на салива да биде во потребната количина, што претставува еден од основните фактори кои се потребни за правилно извршување на функциите на стоматогнатниот систем.Во одредени случаи и состојби саливарните жлезди се афектирани од различни влијанија и последователно на тоа може да биде алтерирана нивната функција.
Кај пациентите со малигни неоплазми на глава и врат кои се изложени на терапија со радијацијаи покрај тоа што аплицирањето на зраците е врз туморското ткиво, несомнено се афектира и околното здраво ткиво. Така што, во голема мера се афектирани и саливарните жлезди и во најголем број од случаите пациентите се соочуваат со тешки последици како што е енормно намалување на функцијата на жлездите, последователно на тоа и изразен степен на ксеростомија. Со оглед на тоа, ксеростомијата најчесто е и главен предизвикувач на појавите: орален мукозитис, промени во оралната микрофлора, дисфагија, воспаленија на грлото, промена и губење на вкусот, кариес, промени во квалитетот на гласот, халитоза, дискомфорт, отежнато џвакање и голтање кои потоа доведуваат до нутритивни компликации и губење на телесната тежина.
Ксеростомијата е најчесто застапената последица од терапијата со зрачење кај пациенти со малигни неоплазми на глава и врат, а воедно оваа појава е и главниот фактор кој го нарушуваат говорот и голтањето и го намалуваат квалитетот на животот на пациентот по терапијата. Поради ова од круциелно значење е правилно менаџирање на оваа состојба, одредување на точниот степен на хипофункција и примена на адекватен третман.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sonja Rogoleva Gurovski
Date Deposited: 18 Sep 2023 12:33
Last Modified: 18 Sep 2023 12:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32214

Actions (login required)

View Item View Item