Negrievska, Nadica (2022) Анализа на временската функција кај простите предлози во италијанскиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик. Palimpsest 2022, International Journal for Linguistic, Literary and Cultural Research, 7 (14). pp. 65-75. ISSN 2545-3998
Text
Nadica Negrievska trud Palimpsest JAZIK.docx Download (50kB) |
Abstract
Апстракт: Предлозите имаат многу значајна функција во економијата на говорот: да ги поврзуваат различните елементи во реченицата и да воспоставуваат однос меѓу различни елементи во реченицата. Пристапот според кој предлозите изразуваат некаков општ однос меѓу две јазични единици точната интерпретација на исказот ја темели пред сè на контекстот.Ваквото функционално сфаќање на предлозите потекнува уште од 16 век кога се согледала сличност меѓу падежните афикси и предлозите. Така предлозите изразуваат само општ однос меѓу два елемента, а конкретната интерпретација на односите произлегува од контекстот. Функционалното одредување на предлозите често се поврзува со нивното просторно и временско значење. Во сите јазици кои имаат предлози најистакната функција им е нивната функција да упатуваат на просторен и временски однос, па така предлогот можеме да го опишеме како универзално средство со кое се изразуваат просторни и временски односи.Предмет на нашето истражување е временската функција кај простите предлози во италијанскиот јазик и нејзините еквиваленти во македонскиот јазик.
Клучни зборови: временска функција, прости предлози, италијански јазик, македонски јазик, еквиваленти.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Nadica Negrievska |
Date Deposited: | 04 Jul 2023 10:51 |
Last Modified: | 04 Jul 2023 10:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32001 |
Actions (login required)
View Item |