Годишна изложба на студентите од Технолошко-технички факултет 2022

Kertakova, Marija (2022) Годишна изложба на студентите од Технолошко-технички факултет 2022. [Show/Exhibition]

This is the latest version of this item.

[thumbnail of Плакат.jpg] Image
Плакат.jpg

Download (37kB)
[thumbnail of Годишна изложба на ТТФ 2022.pdf] Text
Годишна изложба на ТТФ 2022.pdf

Download (2MB)

Abstract

На 31 Мај 2022 година во уметничката галерија „Безистен“ во Штип се одржа традиционалната годишна изложба во која учествуваа студентите од три образовни институции: Ликовната Академија, Музичката Академија и Технолошко-техничкиот Факултет. На изложбата беа презентирани многубројни уметнички дела, изработени по одредени теми и различни техники. Дел од презентациите претставени на годишната изложба беа изработени од страна на студентите од Технолошко-техничкиот факултет од насоката Дизајн на текстил и облека, кои ги претставија своите дела работени во текот на изминатата учебна 2021/2022 година. Проф. д-р Марија Ќертакова во улога на ментор ја претстави својата работа и работата на своите студенти со кои работеше по предметите: модна илустрација, историја на облека, дизајн на модна колекција и модни аксесоари и модно портфолио. Настанот беше посетен од страна на професорите од Ликовната и Музичката Академија и Техничко-технолошкиот факултет, студентите од целиот Универзитет, како и од страна на реномирани уметници, ликовни педагози и културно-уметнички аналитичари и критичари.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Marija Kertakova
Date Deposited: 13 Feb 2023 10:13
Last Modified: 13 Feb 2023 10:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31401

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item