“The Meta Universe and New Possibilities for Fashion - Fashion and the Challenges of the Metaverse“ - “Мета универзумот и новите можности за модата - Модата и предизвиците на Метавселената“

Kertakova, Marija (2022) “The Meta Universe and New Possibilities for Fashion - Fashion and the Challenges of the Metaverse“ - “Мета универзумот и новите можности за модата - Модата и предизвиците на Метавселената“. In: Webinar - “Fashion and Challenges in the Metaverse“, Feb 2022, Online - Sofia, Bulgaria.

This is the latest version of this item.

[thumbnail of ДИГИТАЛНОТО ОБЛЕКЛО В МЕТАВСЕЛЕНАТА И МОДНИТЕ ИНОВАЦИИ.pdf] Text
ДИГИТАЛНОТО ОБЛЕКЛО В МЕТАВСЕЛЕНАТА И МОДНИТЕ ИНОВАЦИИ.pdf

Download (7MB)
[thumbnail of МЕТАВСЕЛЕНАТА.pdf] Text
МЕТАВСЕЛЕНАТА.pdf

Download (2MB)
[thumbnail of Текст.pdf] Text
Текст.pdf

Download (215kB)

Abstract

Метауниверзумот – овој уникатен социјален, културен и комуникациски феномен, сè повеќе го соочува современото човештво со своите предизвици. Новиот паралелен дигитален свет отвора единствена можност за уметноста, особено за модниот дизајн, модниот бизнис и модната индустрија. Следната ера на комуникација и поврзување по Интернетот е јасно WEB 3.0 со сите свои предности – од блокчејн технологии до незаменливи токени (NFT), уникатни аватари и огромни изгледи за нова дигитална идентификација, креативна фантазија и необични статусни симболи.
Но, што го прави метаверзумот толку магнетен, толку примамлив за модата? Зошто луѓето сè повеќе ќе купуваат дигитална наместо физичка облека? Кое е објаснувањето за „луксузниот бум“ (ако така можеме да ги наречеме некои од највлијателните модни брендови) во паралелната реалност? Зошто модните куќи како Луј Витон и Живанши, Гучи и Баленсијага, Балмен и Ралф Лорен, Версаче, Долче и Габана, Хуго, Најк, Адидас и многу други успешно го окупираат метапросторот и жнеат дивиденди – како во полза на имиџот така и во полза на економијата? Дали овој налет на стил и убавина во метаверзумот е беспрекорен?...
Овој модерен феномен како и многу нови прашања, поврзани со него беше предизвик во февруари 2022 година Академијата на Мода од Софија, Р. Бугарија да организира вебинар – обука / стручен собир на тема „Модата и предизвиците на Метаверзумот“ со главен модератор: Проф. д-р Љубомир Стојков како Претседател на Академијата за мода со посебен осврт на темата „Дигитална облека во Метаверзумот и модните иновации“ под лекторство на Теодора Спасова. Предавањето беше поделено на две главни тематски целини:

1. ДИГИТАЛНА ОБЛЕКА ВО МЕТА УНИВЕРЗУМОТ
1.1. Карактеристики на продажба на дигитална облека.
1.2. Начини за креирање на дигитална облека.
1.3. Платформи за дигитална дистрибуција на облека.
1.4. Брендови кои нудат дигитална облека.

2. ДИГИТАЛНИ МОДНИ ИНОВАЦИИ
2.1. Модни ревии во живо.
2.2. Презентација на колекција преку моден филм.
2.3. Виртуелни салони.
2.4. 3D приказ на продукт.
2.5. Дигитален видео каталог (lookbook).
2.6. Дигитален систем за нарачка на производ базиран на мерките на купувачот.
2.7. Плаќање со крипто валута.

Втората целина насловена како „Метаверзумот: природа, предности и ризици“ беше изнесена од страна на Калин Стојков, со следните содржински подточки:

3. ВОВЕД ВО ФЕНОМЕНОТ МЕТАВЕРЗУМ
3.1. Дефиниција
3.2. Потекло
3.3. Историја
3.4. Карактеристично

Учесници во настанот беа експерти во модата, социолози, новинари, професори по моден дизајн, како и студенти од областа на дизајнот и модерната технологија. За крај сите учесници имаа свој допринос во конструктивна дискусија со Претседателот на Академијата за мода преку воспоставување на лични заклучоци и цели кои се генерираат и инкорпорираат во новиот дигитален свет – т.н. Метаверзум.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Marija Kertakova
Date Deposited: 13 Feb 2023 10:04
Last Modified: 13 Feb 2023 10:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31393

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item