Агротехнички и еколошки аспекти на конзервациската обработка на почвата

Mihajlov, Ljupco (2022) Агротехнички и еколошки аспекти на конзервациската обработка на почвата. In: III Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 11 Nov 2022, Stip.

[thumbnail of III СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „КРИТИЧНИ ПРАШАЊА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“.pdf] Text
III СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „КРИТИЧНИ ПРАШАЊА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“.pdf - Published Version

Download (239kB)

Abstract

Примената на конзервациската обработка на почвата (К.О.) претставува рационален пристап на управување со агроекосистемите, со цел нивно подобрување и одржлива продуктивност, зголемување на профитот и сигурноста на храната, паралелно со зачувување и унапредување на базите на природни ресурси во околината. Опишани се историјатот и распространетоста на К.О. на глобално ниво, предностите и недостатоците на примената на овој метод од агротехнички и агроеколошки аспекти. Потенцирани се предностите во делот на намалена потрошувачка на гориво, механизација и работна сила. Од еколошки аспект, намалена емисија на прашина и гасови во атмосферата во споредба со конвенционалната обработка на почвата, како и зголемување на бројноста и биодиверзитетот на микро и макро организмите во почвата. Образложени се и некои сегменти од публикувани резултати и искуства од примената на К.О. во светот. Прелиминарни податоци и ситуации од примената на еден од системите на К.О. (сеидба без обработка) за првпат се презентирани на земјоделски површини во Овче Поле. На крајот, во делот на заклучоците, како препораки и коментари, од аспект на нивна меѓузависност, комплементарност и неопходност, како основен услов за нивно спроведување при примената на К.О. се наведени задолжителните агротехнички и агроеколошки активности кои земјоделските производители треба да ги применуваат при К.О.

Клучни зборови: обработка, почва, агроекосистеми, предности, недостатоци.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Ljupco Mihajlov
Date Deposited: 26 Jan 2023 19:23
Last Modified: 26 Jan 2023 19:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31036

Actions (login required)

View Item View Item