Зголемување на енергетската ефикасност кај гасна печка преку рекуперација на топлина

Kocevski, Zoran and Cingoski, Vlatko and Gelev, Saso (2022) Зголемување на енергетската ефикасност кај гасна печка преку рекуперација на топлина. Зборник на трудови - Меѓународна конференција ЗЕМАК 2022. pp. 269-278. ISSN 978 608-4764-14-4

[thumbnail of 2022 - 3 ZEMAK - Energetska efikasnost kaj gasna pecka.pdf] Text
2022 - 3 ZEMAK - Energetska efikasnost kaj gasna pecka.pdf - Published Version

Download (10MB)
Official URL: http://zemak.mk

Abstract

Потенцијалот за енергетска ефикасност (ЕЕ) може да се подели во две групи: мерки утврдени врз основа на технички решенија и мерки поврзани со човечката психологија и промена на секојдневните навики. Повеќето мерки за ЕЕ се прифатливи од финансиски аспект и нудат брз поврат на инвестицијата, додека некои се финансиски поинтензивни и со подолг период на враќање на инвестицијата. Овој проект опишува комбиниран проект за подобрување на енергетската ефикасност базиран на имплементација на систем за обновување на енергија од издувни гасови на индустриски гасни печки и автоматско регулирање и контрола на брзината на вентилаторот, во зависност од температурата на производот. Основната идеја е повторно да се искористи енергијата од издувните гасови, која првично беше ослободена во атмосферата, со систем за рекуперација на топлината. Енергијата добиена при рекуперацијата повторно се користи во печката како пред-загреан свеж воздух подобрувајќи ја ЕЕ на истата печка. Дополнително, се користи и регулацијата и контролата на вентилаторите за ладење со контрола на нивната брзина (VFD), врз основа на онлајн мерење на температурата на производот. Инвестицијата се враќа за помалку од една година.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Mechanical engineering
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 27 Jan 2023 10:16
Last Modified: 27 Jan 2023 10:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30912

Actions (login required)

View Item View Item