Koceva, Vesna (2022) „Didattica della lingua italiana 2 – Eserciziario (Практикум по Методика на наставата по италијански јазик 2)“. ISBN 978-608-244-938-8.
Text (Ракописот со наслов „Didattica della lingua italiana 2 – Eserciziario (Практикум по Методика на наставата по италијански јазик 2)“ од автор доцент д-р Весна Коцева е пишуван според наставниот план и програма за предметот Методика на наставата по италијанс)
DIDATTICA DELLA LINGUA ITALIANA 2 - ESERCIZIARIO, практикум.pdf - Published Version Download (855kB) |
Abstract
Содржината на ракописот по предметот Методика на наставата по италијански јазик 2 е претставена преку 218 прашања и активности.Првата глава Rasegna delle teorie dell'acquisizione e/o dell'apprendimento della lingua straniera (Преглед на теориите за усвојување и/или учење на странскиот јазик) е посветена на теориите за усвојување и/или учење на странскиот јазик. Најпрво се објаснува разликата помеѓу термините мајчин јазик, странски јазик, втор јазик и меѓујазик, а потоа се согледува различното толкување на термините учење и усвојување на јазикот преку психолошките и лингвистичките правци кои ги идентификуваат и ги дефинираат овие термини. Во втората глава Apprendimento esplicito ed implicito della lingua straniera (Експлицитно и имплицитно учење на странскиот јазик) прво се посветува внимание на објаснувањето на разликата меѓу имплицитното и експлицитното знаење, учење и настава, а потоа се дискутира за поврзаноста меѓу експлицитното и имплицитното знаење и за видовите на експлицитна и имплицитна настава. Во третата глава Input processing e l’approccio Processing Instruction: imparare a processare la lingua straniera (Обработка на инпут и пристапот Поучување граматика со обработка на инпут: да се научи да се процесира странскиот јазик) најпрво, преку селектирање на најзначајните дефиниции, хронолошки се разгледува употребата и дефинирањето на термините инпут, интејк и аутпут. Потоа се дискутира за теоријата за обработка на инпут на Ван Патен и детално се опишува неговиот пристап за поучување граматика на некој странски јазик преку претставување на принципите на овој пристап. Во продолжение се дава опис на карактеристиките на овој тип настава и се посочуваат упатствата кои треба да се почитуваат со цел да се креираат активности со структуриран инпут. Потоа се наведуваат видовите на активности со структуриран инпут.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Vesna Koceva |
Date Deposited: | 27 Dec 2022 12:27 |
Last Modified: | 27 Dec 2022 12:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30771 |
Actions (login required)
View Item |