Velkovska-Trajanovska, Valentina (2022) 45 Denovi na makedonska muzika. SOKOM.
dmm-web-2022.pdf
Download (3MB)
Abstract
Во времиња, исполнети со неизвесност, надминувајќи неброени предизвици, СОКОМ опстанува 75 години, постојано стремејќи се да ги обедини, заштити, презентира и промовира културните и духовни вредности на македонското музичко творештво. Во стремежите да се реализира и 45-тото издание на фестивалот „Денови на македонска музика 2022“ и одбележувањето на
овие два исклучително значајни јубилеја ни се придружија и најголемите институции, формирани од членовите на СОКОМ (композитори, музиколози, етномузиколози, музички публицисти...): Национална опера и балет, Филхармонија, НУ „Танец“ и др., нè подржа Министерството за култура и
секако сите чинители на музичкиот живот во Р Македонија. Создавањето на музичкото творештво без негова презентација и изведба останува само запис што чека да се оживее во вистинскиот момент. Овој фестивал е единствениот што овозможува македонското музичко творештво да живее и
да поттикнува и понатаму да се создава, претставува континуитет, традиција, сведоштво за минатите, сегашните и идните времиња... Токму поради тоа оваа година при конципирање на програмата нè водеше желбата да се изведе творештвото на што повеќе композитори, особено композиторите што ја формираа македонската музичка култура и СОКОМ, но и основното мото на фестивалот, изведба на нови, премиерни дела. Јубилејот на СОКОМ ќе го одбележиме со две сезони на фестивалот, многу концерти, настани, трибини и активности во текот на целата година со надеж што посоодветно да го
претставиме и доближиме до Вас. Со радост Ве каниме да го проследите фестивалот „45. Денови на македонска музика“ и заедно да ги споделиме новите и старите и секогаш актуелни творечки прашања, истражувања и размисли на македонските композитори.
| Item Type: | Other |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
| Divisions: | Faculty of Music Art |
| Depositing User: | Valentina Velkovska Trajanovska |
| Date Deposited: | 26 Dec 2022 12:40 |
| Last Modified: | 26 Dec 2022 12:40 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30729 |
