Реализација на студентска пракса во време на пандемија

Cekovska, Aleksandra and Masteva, Meri and Trajkova, Fidanka (2022) Реализација на студентска пракса во време на пандемија. In: III Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 11 Nov 2022, Stip.

[thumbnail of Studentska praksa vo vreme na pandemija.pdf] Slideshow
Studentska praksa vo vreme na pandemija.pdf

Download (5MB)
[thumbnail of programa_III studentska konferencija.pdf] Text
programa_III studentska konferencija.pdf

Download (223kB)
[thumbnail of Kniga na apstrakti_finalna.pdf] Text
Kniga na apstrakti_finalna.pdf

Download (833kB)

Abstract

Студентите имаат обврска да реализираат студентска пракса во текот на секоја академска година и за реализирана студентска пракса секој студент добива 2 ЕКТС. Студентската пракса може да се реализира во агрокомпании со кои факултетот има склучено договор за реализација на истата. Пандемијата со ковид-19 и сите мерки кои беа донесени за спречување на ширење на вирусот беа предизвик за реализација на практичната настава во пандемски услови. Студентската пракса во академските 2020/2021 г. и 2021/2022 г. беше реализирана во Наставен центар Струмица преку компанијата „Уни сервис агро“ и во реализација на истата беа вклучени студентите од сите четири години на Земјоделски факултет во Наставен центар Струмица.
Праксата беше реализирана во оранжеријата во Наставен центар Струмица. Во текот на двогодишната студентска пракса беа опфатени вкупно 89 сорти и популации од градинарски, зачински и украсни видови, односно 46 во 2020/2021 г. и 43 во 2021/2022 г. Студентската пракса ги обучи студентите за производство на расад во заштитен простор, различни начини на борба со плевели, потребни надворешни услови за размножување со семе на различни градинарски, зачински и цвеќарски видови, сеење на семе во контејнери, пикирање на расад и вегетативно размножување на цвеќиња, набљудување на фенофазите кај различни земјоделски култури и нивното однесување во однос на надворешните фактори и правење на домашен компост. Една од најважните придобивки од студентската пракса беше учење на практични вештини, физичката активност и дружењето со колегите во време на ограничена комуникација со физичко присуство поради пандемијата со ковид-19.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Fidanka Trajkova
Date Deposited: 15 Dec 2022 12:44
Last Modified: 15 Dec 2022 12:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30706

Actions (login required)

View Item View Item