Сликата на Другиот во „Змиски ветер“ и „Егејци“

Kozinkova, Vesna (2018) Сликата на Другиот во „Змиски ветер“ и „Егејци“. Journal of Contemporary Philology (JCP), 1 (2). ISSN 2545-4773

[thumbnail of Сликата на Другиот во „Змиски ветер“ и „Егејци“.pdf] Text
Сликата на Другиот во „Змиски ветер“ и „Егејци“.pdf

Download (353kB)
[thumbnail of ImageMagick conversion from image to application/pdf] Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
slikata na drugiot.pdf

Download (204kB)

Abstract

Науката за литературата и компаратистиката ја развија имагологијата како посебна дисциплина која ги проучува сликите за другите. Најчест облик на сликата на другиот е стереотипот, во последните децении многу користен термин во сите општествени теории. Стереотипот станува средство за препознавање, етикетирање, ориентирање, потврдување и вреднување. Во историјата на изучувањето на стереотипите најмногу внимание е посветено на етничките и на културните стереотипи. Во нашата културна и книжевна историја посебно место имаат стереотипите за Македонците жртви на егзодусот за време на Граѓанската војна во Грција. Со текот на времето и низ времето Егејците и „егејството“ воопшто добиваат одредени идеолошки содржини, така што тие прераснуваат во еден своевиден мит кој може да има позитивна или негативна употреба во зависност од одреден актуелен контекст. Позитивната употреба на тој мит се гледа преку протежирање на т.н. егејски теми од реномирани уметници кои потекнуваат од тој дел на Македонија. Негативната употреба се гледа во фактот на последиците од негативните стереотипи за Егејците, за нивната неподобност за вршење на јавни општествени дејности, за нивната сомнителност во одреден политички контекст.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Vesna Kozinkova
Date Deposited: 19 Nov 2025 07:55
Last Modified: 19 Nov 2025 07:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30484

Actions (login required)

View Item
View Item