Bajrami, Muhamet and Nikolovski, Bruno and Radojkova-Nikolovska, Vera and Dimova, Cena and Spirov, Vancho and Popovska, Mirjana (2022) The role of oral exfoliative cytology in detection of oral malignancies / Улогата на оралната ексфолијативна цитологија во детекција на оралните малигноми. In: 9th Congress of macedonian dental society with international participation / 9ти Конгрес на македонско стоматолошко друштво со меѓународно учество (МСД), 15-18.09.2022, Ohrid.
Text
MSD Ohrid oral presentation 1.pdf - Published Version Download (1MB) |
|
Slideshow
The role of oral exfoliative cytology (OP).pdf - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Introduction: Despite the numerous innovations in the treatment of malignant diseases in the last 50 years, only 50% of cases achieve a five-year survival. The low survival rate of patients with oral cancer can be attributed to the advanced stage of the disease at the time of diagnosis, as more than 60% of patients come to a medical examination at a more advanced clinical stage of the disease.
In absence of subtler studies performed in our country, we set out the aim of this study - to determine the accuracy, sensitivity (SE), specificity (SP), positive predictive value (PPV) and negative predictive value (NPV) of the cell exfoliative cytology test (brush biopsy) in detecting potentially malignant lesions (PML) and patients with previous oral malignant disease (POMD) compared to the gold standard surgical biopsy.
Material and methods: 60 patients divided into two study groups were examined under oral exfoliate cytology presented by the brush biopsy method and consequently with surgical biopsy after it, selected under certain inclusion and exclusion criteria.
Results: SE of brush biopsy in the first group of examinees is maximal 100%, as well as the same value in the second one. SP presented 66.67% in the first and 0% in the second group, while the accuracy ranged from 93.33% to 100%.
Conclusion: The accuracy of the methods obtained in our study, sets the thesis that brush biopsy as screening method is enough valuable and may be accompanied by any other less invasive and easy to perform method applicable in the everyday clinical practice.
Вовед: И покрај бројните иновации во лекувањето на малигните заболувања во последните 50 години, само 50% од случаите постигнуваат петгодишно преживување. Ниската стапка на преживување на пациентите со орален карцином може да се припише на напредната фаза на болеста во моментот на дијагностицирање, бидејќи повеќе од 60% од пациентите доаѓаат на преглед во понапредна клиничка фаза на болеста.
Во отсуство на посуптилни студии изведени во нашата земја, ја поставивме целта на оваа студија - да се одреди точноста (AC), сензитивноста (SE), специфичноста (SP), позитивната предиктивна вредност (PPV) и негативната предиктивна вредност (NPV) на ексфолијативниот цитолошки тест (brush биопсија) при откривање на потенцијално малигните лезии (PML) и пациенти со историја на претходно орално малигно заболување (POMD) во споредба со златниот стандард - хируршка биопсија.
Материјал и методи: 60 пациенти поделени во две испитувани групи беа подложени на brush биопсија и последователно потоа под хируршка биопсија, според претходно утврдени критериуми за вклучување и исклучување во студијата.
Резултати: SE на brush биопсијата кај првата група испитаници достигна максимални 100%, како и истата вредност кај втората група. SP бележи 66,67% во првата и 0% во втората група, додека точноста се движеше од 93,33% до 100%.
Заклучок: Точноста на методите добиени во нашата студија ја поставува тезата дека оралната ексфолијативна цитологија како скрининг метод е доволно вредна и ефикасна и истата може да биде придружена со која било друга помалку инвазивна и лесна за изведување метода применлива во секојдневната клиничка пракса.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bruno Nikolovski |
Date Deposited: | 12 Dec 2022 11:04 |
Last Modified: | 12 Dec 2022 11:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30261 |
Actions (login required)
View Item |