Kosevaliska, Olga (2022) Кривично правна заштита на правото на здрава животна средина/Legal criminal protection of the right to a healthy environment. In: Концептот на одржлив развој во правото и во политиките: застапеност, предизвици и перспективи, 02 June 2022, Law Faculty, University of Goce Delcev.
Text
Legal criminal protection of the right to a healthy enviroment.pdf - Presentation Download (2MB) |
|
Text (Агенда)
агенда Семинар 2 јуни 2022 .pdf - Other Download (297kB) |
|
Preview |
Image
final-03.jpg - Cover Image Download (3MB) | Preview |
Abstract
Заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата претставува една од темелните вредности на уставниот поредок на нашата држава. Уште повеќе правото на здрава животна средина е едно од основните човекови права гарантирани со член 8 од Уставот на РСМ. Истото како основно човеково право е заштитено и гарантирано и со Кривичниот Законик на РСМ, во дваесет и второто поглавје, но и со инкриминации во останатите поглавја на КЗ кои со својот објект на заштита, директно или индиректно, задираат во заштитата на животната средина.
Освен кривично правната заштита која се остварува преку примената на КЗ, заштитата на животната средина е гранатирана и со примената на казнените или прекршочните одредби од посебните закони кои ја регулираат оваа област. како и од меѓународните договори ратификувани во согласност со закон. На овој начин освен животната средина и природата се штитат и здравјето на луѓето, воздухот и атмосферата, водите, шумите, рудниците, животнинскиот и растителниот свет, нуклеарната безбедност, заштита од отровни и опасни материи итн.
Важноста на законодавецот да ја заштити животната средина и природата се гледа и по значителниот број на законски интервенции, измени и дополнувања кои се однесуваат на дваесет и второто поглавје. Имено од 2004 година до денес има вкупно 26 измени и дополнување на КЗ од кои во 10 наврати има интервенции во смисла на заострување на казнена политика, нови инкриминации, измена и унапредување на постоечките инкриминации а се со цел заштитата на животната средина да ги следи европските и светските трендови и да го имплементира релевантното меѓународно право ратификувано во согласност со закон. Со оглед на фактот дека во Поглавјето Крвични дела против животната средина се запретени казни во распон од парична казна до максималната казна затвор која може да биде изречена согласно КЗ на РСМ, можеме да заклучиме дека станува збор за кривични дела кои спаѓаат во групата на среден до тежок криминалитет.
Но настрана од тоа што зкаонодавецот го предвидел кога имал за цел да се предвиди висока и неприкосновена заштита на животната средина, судовите „механички“ изречуваат условни осуди за ваквите кривични дела а со тоа ниту ја задоволуваат правдата ниту пак ја имаат во предвид генералната и специјалната превенција и конечно со ваквата судска пракса не се оди во прилог на се` поголемата потреба од репресија за заштита на животната средина. Оваа презентација има за цел да го посочи и апосторфира (не)успехот на нашата држава во заштита на животната средина.
Клучни зборови: животна средина, човеково право, кривично дело, заштита, казна
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Olga Kosevaliska |
Date Deposited: | 02 Sep 2022 09:43 |
Last Modified: | 02 Sep 2022 09:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30159 |
Actions (login required)
View Item |