Kertakova, Marija (2021) Колекција-скрипта. ISBN 978-608-244-830-5.
Full text not available from this repository.Abstract
Презентираниот материјал во ова Учебно помагало – Скрипта „Колекција“ е опфатен во две тематски целини: прва целина – теорија на мода и модна колекција и втора – теорија на дизајнерски процес во модна колекција. Учебникот – скрипта содржи материјал првенствено за студентите на Технолошкотехнички факултет, но и за секој креативен поединец, кој има нагласена тенденција кон задлабочена анализа на научнои-стражувачки проблеми поврзани со мода, колекција и тремини слични на нив.
Во рамките на оваа скрипта се разработени следниве тематски целини:
Првата целина е основна и ги опфаќа сите неопходни-базни елементи од теоријата на модата и модната колекција кои се во полза на предметот Колекција, а овозможуваат секој студент да се запознае со основните сегменти и значења на истата. Како целина го опфаќа теоретското определување на поими тесно поврзани со поимот колекција (во случајов модна). Во овој контекст е дадена дефиниција, а подоцна научно-аналитично се разгледани и анализирани теми како мода, моден дизајн, суштина и дефиниции на модата, закономерности во модата, модата и колекцијата – во контекст на тематиката модната колекција како предмет на социологијата на уметноста, модниот дизајн како дел од применетата уметност и феномен во современото општество итн. Според авторката, модната колекција се дефинира како синтеза од модели кои одговараат на една иста идеја, тематска последователност, имаат општа концепција и припаѓаат на единствена компактна целина. Исто така наведува дека колекцијата е хомогена естетска содржина и претставува модна компонента која е финален процес на целокупниот дизајнерски процес, единствено проследена од модниот маркетинг и реклама. Ова поглавје има за цел на наједноставен, а притоа најсеопфатен и информативен начин да го дефинира и објасни терминот модна колекција, како и сите термини сродни на неа, поврзани со културните, социолошки, историски, антрополошки, психолошки, економски и слични сегменти поврзани со општествените промени и модерни аспекти на современото време.
Втората тематска целина се однесува на теоретизирање на клучните сегменти од дизајнерскиот процес при создавањето на една модна колекција. Истата е насочена конкретно кон колекцијата, нејзино дефинирање, при што авторката набројува дефиниции од најразлични енциклопедии и автори, за да во овој контекст се произнесе со свое мислење и насока. Определени се основните маркери и етапи при создавањето на модната колекција, при што се конкретизирани и објаснети сите составни сегменти на стручно-апликативно ниво – од идеја до реализација. Зададени се тематски содржини кои многу поконкретно ја определуваат колекцијата. Исто така, анализирани се видови на колекции, поттипови на колекциии (Колекција Haute Couture, Ready-to wear, Cruise, Resort wear, Pre Collection, Mass confection), нивна дефиниција и суштина, задлабочена анализа, а подоцна за полесно разбирање на секоја поединечна целина и елемент се посочени и примери со соодветни слики. Посочени се исклучително важни поими за осознавање и анализа на една модна колекција, како и препознавање на клучни двигатели кои гарантираат успех на истата, особено при нејзино лансирање на пазарот: моден дизајнер како творец на колекцијата на кој му е препишан епитетот феномен во современото општество, креативен дизајнерски тим, PR менаџмент, современа маркетинг стратегија и поими како: Early adopters, Trendsetters, Fashion Balloons, Fashion Bloggers, Fashion Influencers и слични субјекти клучни за успешно лансирање и рекламирање на модната колекција, особено во денешно време на свет преплавен со социјални мрежи. Разработени се исклучително современи и актуелни теми како модна ревија, модно дефиле, моден перформанс, инсталација и сл. За да на крај се анализираат најсовремените начини на претставување на модна колекција во неопостмодернистичкиот период во денешниот XXI век. Во контекст на последното, разработена е интересна тема која се однесува на модната колекција во дигиталната ера, при што на научно, аналитично и визуелно ниво се анализирани најсовремените видови модна колекција и клучните елементи кои ја определуваат истата, како доминантен двигател кој допрва ќе биде признат за еден од носечките општествено културни маркери на една сосема нова ера не само во модата, туку и во човештвото во целина.
Материјалот при презентацијата е селектиран во рамките на капацитетот и наставната програма на учебникот за овој предмет. Текстот е надополнет со приложени фотографии со цел полесно согледување и разбирање на наставно-научниот материјал, како и збогатување на естетско-информативната позадина на секој кој го чита.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Marija Kertakova |
Date Deposited: | 15 Feb 2022 07:25 |
Last Modified: | 15 Feb 2022 07:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29413 |
Actions (login required)
View Item |