Despot, Katerina (2021) Европскиот мебел во делот на културното наследство во Штип и негова трансформација во современи концепти за простор. Културното наследство низ призмата на ликовната уметност, 1 (1). pp. 30-38. ISSN ISBN: 978-608-66627-7-6
Text
Европскиот мебел во делот на културното наследство во Штип и негова трансформација во современи концепти за простор.docx Download (1MB) |
Abstract
Секој историски период има свои сопствени форми со кои се диктира одреден идеал за човекот изразен во одредена степен низ облиците на ентериерот и низ претставувањата на мебелот.
Мебелот има доминантна и основна функција. Тој зависи од националната култура, обичаите, традициите, од просторот каде што е поставен и со својата форма го определува времето.
Формата на мебелот се променува по ритам и закони, кои се дел од големиот комплекс наречен стил. Изразот стил се воведува од основоположникот на научната историја на уметност Јохан Јоаким Винкелман (1717 - 1768), кој потврдува дека естетската мисла од столетијата бара одговор на прашањето што претставува стилот. Во основата на се се наоѓа фигурата на човекот, чија што пластична форма е модел за архитектурата, дизајнот, ентериерот и мебелот.
Различни експерти од оваа област даваат различно мислење и видување за тоа што претставува стилот
Стилот – е самиот човек.
Стилот е висок степен на естетско познавање и мислење за уметноста.
Стилот е пред сѐ чувство на одговорност.
Стилот е издигнување до висока степен на ликовно значење, изразување на основната идеја во создавањето на уметноста.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Art Academy |
Depositing User: | Katerina Despot |
Date Deposited: | 10 Feb 2022 12:29 |
Last Modified: | 10 Feb 2022 12:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29313 |
Actions (login required)
View Item |