Истражување, проучување и документирање на внатрешно уредување на крушевската куќа и основната покуќнина

Dimitrijeva-Kuzmanoska, Vanga and Janakieska, Danica (2021) Истражување, проучување и документирање на внатрешно уредување на крушевската куќа и основната покуќнина. [Project]

[thumbnail of istrazuvanje na pkukninata vo Krusevo (1).pdf] Text
istrazuvanje na pkukninata vo Krusevo (1).pdf

Download (3MB)

Abstract

Во средбата со крушевската куќа никој не може да остане рамнодушен. Крушевската куќа сведочи за високиот станбен стандард на крушевчани, нивните високи практични и естетски вредности, долгата традиција на културата на живеење, навиките, обичаите. Во неа се споиле архитектонската меморија на москополските Власи и градителското искуство на македонските Мијаци со што створиле автентично дело - обележје на нашето традиционално градителство. Крушевската куќа е изградена во духот на традицијата, при што се водело сметка за климатските услови, конфигурација на земјиштето, како и за функционалноста и естетскиот изглед.

Внатрешноста на куќата е ексклузивна комбинација на убавото и практичното, посебно место зазема вградената покуќнина која била исклучиво функционална и практична, изведена во дрво, што дава одредена топлина на внатрешниот простор. Таа, обично е групирана на една страна од просторијата, така што собите имаат поголема слободна површина за непречено и рационално користење, со потребната удобност и интимност.

Ентериерот на старите крушевски куќи го надополнуваат насликаните ѕидови и тавани во гостинските одаи и чардаците. Применети се елементи од флората и фауната, портрети од домаќините и т.н. Освен сликарската декорација, таваните можат да бидат изрезбани од дрво со богато изрезбана централна розета, или се појавува комбинација дрво и малтер.
Декоративните текстилни изработки, плетила изработки на жените, кои своето естетско чувство го вградиле и во плетачката вештина, неразделно врзани за секоја куќа како текстилен декор. Специфичната форма на секој предмет засебно со јасно нагласена практична функција, плетени на две или повеќе игли, поретко со памучна преѓа, во некои случаи комбинации од повеќе типови на конци, кои во својата содржина биле богато орнаментирани со најразлични мотиви. Орнаменталната декорација била богато застапена низ целата површина на секое плетило.
Истражуваните материјали се зачувани во музејот во Крушево како симболи на текстилната уметност во крушевската покуќнина.
Проектот е одобрен од министерството за култура како проект со особен придонес во културата и уметноста во државата.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Art Academy
Depositing User: Vanga Dimitrijeva
Date Deposited: 19 Aug 2024 11:13
Last Modified: 19 Aug 2024 11:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29219

Actions (login required)

View Item View Item