Kertakova, Marija (2020) “Денови на текстилната индустрија – Промоција на младата генерација” организиран од ТТЗ – Текстилен кластер на Македонија преку ИПА-програмата за погранична соработка С. Македонија-Бугарија. [Project]
Text
Project_FWS.pdf Download (795kB) |
Abstract
Студентите од Технолошко-техничкиот факултет под менторство на доц. д-р Марија Ќертакова на 24.10.2020 година со почеток во 13 часот се претставија со проект од модни илустрации на настанот „ДЕНОВИ НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА – ПРОМОЦИЈА НА МЛАДАТА ГЕНЕРАЦИЈА", организиран од ТТЗ – Текстилен кластер на Македонија преку ИПА-програмата за погранична соработка С. Македонија-Бугарија, со што на студентите им овозможија да учествуваат во повеќе проекти, на кои тие се претставија со свои модели и модни илустрации.
Идејата на доц. д-р Марија Ќертакова како ментор одговорен за изложбениот дел од овој моден перформанс беше да се покаже, дека студентите освен што располагаат со техничко-технолошки умеења да реализираат модели готови за носење се способни истите најпрвин да ги претстават под форма на моден цртеж-илустрација – изработени по стандардите на светски-познатите и признати критериуми. Модните илустрации се плод на неколкумесечна интензивна работа како на студентите, така и на самиот професор и истите се доказ дека овие студенти располагаат со исклучителен тален и чувство за естетика, линија, форма, боја, композиција и модерност. Овој проект допринесе за огромен поттик на студентите за нивен понатамошен раст и развој при реализацијата како успешни модни дизајнери, кои на професионален начин ќе знаат и умеат да се претстават себе си на пазарот на трудот, особено во модните средини во кои ликовниот израз и приказ на идеја се показател за талент, квалитет и професионализам.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Marija Kertakova |
Date Deposited: | 18 Oct 2021 05:53 |
Last Modified: | 18 Oct 2021 05:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28536 |
Actions (login required)
View Item |