Практикум по Морфологија на италијанскиот јазик 1

Koceva, Vesna and Negrievska, Nadica (2020) Практикум по Морфологија на италијанскиот јазик 1. ISBN 978-608-244-731-5.

[thumbnail of Практикум по Морфологија на италијанскиот јазик 1.pdf]
Preview
Text
Практикум по Морфологија на италијанскиот јазик 1.pdf

Download (798kB) | Preview

Abstract

Ракописот со наслов „Практикум по Морфологија на италијанскиот јазик 1“ од д-р Весна Коцева и д-р Надица Негриевска претставува учебно помагало кое е приспособено на содржините од вежбите по предметот Морфологија на италијанскиот јазик 1, кој студентите од групата по Италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го слушаат во вториот семестар со фонд на часови 2+2+1. Овој практикум ја надополнува скриптата по истиот предмет и е структуриран со цел да одговори на секоја од наставните содржини поделени во поглавја. Целта на овој практикум е да им се овозможи на студентите полесно да го совладаат материјалот, да ги проверат сопствените знаења преку самостојна работа, како и да ги надградат стекнатите знаења.
Практикумот ја следи структурата на соодветната скрипта, па тој е поделен на четири поглавја во согласност со програмата по истоимениот предмет.
При изработката на овие вежби, во кои се обидовме да воведеме разновидност, особено внимававме на градацијата во однос на нивната тежина. Односно, во почетокот се
дадени вежби во кои се бара препознавање, а дури кон крајот се бара од студентот да го репродуцира знаењето.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Vesna Koceva
Date Deposited: 10 Feb 2021 09:03
Last Modified: 10 Feb 2021 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27742

Actions (login required)

View Item View Item