Основни начела на природниот пристап на Крешен и Терел

Koceva, Vesna and Todorova, Marija (2020) Основни начела на природниот пристап на Крешен и Терел. ФИЛКО - Зборник на трудови од Петта меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование, 5 (5). pp. 177-182. ISSN ISBN: 978-608-244-698-1

[thumbnail of 4144-Article Text-6871-1-10-20210203 (1).pdf]
Preview
Text
4144-Article Text-6871-1-10-20210203 (1).pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Трудот претставува теориска интерпретација на карактеристиките на природниот пристап на Крешен и Терел кој е заснован врз теорија за усвојување на јазикот според која јазикот се усвојува кога ученикот е изложен на разбирлив и интересен инпут кој е малку над нивото на познавање на јазикот на кое се наоѓа тој, во услови на низок афективен филтер. Во воведниот дел накратко се опишуваат основните карактеристики на комуникативниот пристап. Во продолжение се разгледуваат ставовите на Крешен и Терел и се претставуваат основните начела врз кои се базира природниот пристап. Се дава кратко објаснување на хипотезата на учење, односно усвојување, хипотезата на монитор, хипотезата на природен редослед, хипотезата на инпут и хипотезата на афективен филтер. Во завршетокот на трудот се констатира дека Крешеновата теорија за усвојување и учење на јазикот претставува еден од првите обиди, теоретски да се оформи размислувањето за усвојувањето на јазикот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Vesna Koceva
Date Deposited: 10 Feb 2021 09:03
Last Modified: 10 Feb 2021 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27740

Actions (login required)

View Item View Item