Velkovska-Trajanovska, Valentina and Zelenkovska Leshkova, Stefanija (2020) Портрет на Томе Манчев: македонски композитор, истакнат педагог и музички деец. In: Струшка музичка есен 2020, 25-26 Sept 2020, Struga. (Unpublished)
Preview |
Text
SME 2020 - Tome Mancev.pdf Download (458kB) | Preview |
Preview |
Text
Tome Mancev 2020.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Со портретот на македонскиот композитор Томе Манчев ја одбележуваме неговата јубилејна и последна седумдесетта година од животот и богатата творечка и педагошка дејност (1950-2020). Томе Манчев беше истакнат композитор со исклучително творештво; педагог кој целосно и несебично им се посвети на студентите до последниот момент од својот живот; музички писател и истражувач кој поставуваше параметри каков треба да биде ликот на стручно и квалитетно изработен труд и активен општествен деец.
Tоме Манчев беше човек целосно посветен на музиката со исклучителна професионалност. Композитор и професор што приоѓаше кон секој проблем со перфекционизам со стремеж тоа што ќе се изработи и создаде да биде совршено, беспрекорно, а во неговите дела совршенството го исполнуваше со длабока емотивност, со силни чувства, јасна национална определба, која произлегуваше од неговата бескрајна почит за музичкото наследство на македонското поднебје, и мислата водилка „да се осмисли нешто ново што не е досега создадено“. Кон сите прашања, дела, трудови... композиторот Манчев приоѓаше на единствен, за него препознатлив, и непопустлив начин, секој збор, секоја мисла, секоја нота да бидат избрани откако најмалку дваесет пати ќе се осмислат, проверат, прегледаат сѐ дури не го добијат своето идеално место, а со тоа и значење.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Valentina Velkovska Trajanovska |
Date Deposited: | 28 Jan 2021 10:51 |
Last Modified: | 28 Jan 2021 10:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27300 |
Actions (login required)
View Item |