Сложениот механизам на повеќегласните дувачки инструменти со клавиши

Zelenkovska Leshkova, Stefanija and Velkovska-Trajanovska, Valentina (2020) Сложениот механизам на повеќегласните дувачки инструменти со клавиши. Journal for theory and practise of the education Prosvetno delo, 73 (1). pp. 47-62. ISSN 0350-6711

[thumbnail of PROSVETNO DELO BR.1-2020 elektronsko izdanie-skrateno.pdf]
Preview
Text
PROSVETNO DELO BR.1-2020 elektronsko izdanie-skrateno.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Посебна група дувачки инструменти, што практично имаат
елементи од различни видови музички инструменти претставуваат оргулите. Познато е дека водат потекло од дамнина, па така уште во стариот Рим се користеле хидраулични оргули. Зачувани споменици нема многу, што е разбирливо, бидејќи таа музика се свирела напамет
и со импровизирање. Во XIX век англиските градители направиле реконструкција на оргулите и придонесле во пневматскиот уред компримираниот воздух да служи не само за создавање на звукот во цевката туку и за придвижување на фактoрите што тоа го овозможуваат. Од технички и од уметнички аспект, оргулите се звучно најбогатиот инструмент, со дијапазон и со динамичка моќ блиска до
звукот на eден оркестар. Како најголем музички инструмент, важен белег е просторната оддалеченост на главните делови на нејзината конструкција, како и околноста дека изведувачот директно не влијае
врз звучните тела (цевките), туку само надворешно управува со механизмот и ја регулира потребната енергија. Па затоа најголемиот удел во производството на звукот се врши повеќе или помалку по механички пат, што наедно и ја објаснува големата сложеност на еден ваков механизам, што постојано се усовршува и трае до денешни дни. Кај поновите видови оргули примената на електричната енергија гоусовршила механизмот што посредува меѓу клавишот и цевките.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Valentina Velkovska Trajanovska
Date Deposited: 13 Nov 2020 10:07
Last Modified: 13 Nov 2020 10:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26732

Actions (login required)

View Item View Item