Velkovska-Trajanovska, Valentina (2020) In Memoriam Проф. д-р Томе Манчев (1950–2020). Journal for theory and practise of the education Prosvetno delo, 73 (2). pp. 94-103. ISSN 0350-6711
Preview |
Text
PROSVETNO DELO BR.2-2020 - elektronsko izdanie.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
На 12 април 2020 година почина истакнатиот македонски композитор Томе Манчев. Наместо прославување на неговиот
јубилеен седумдесетти роденден на 25 април, наместо јубилејни концерти на кои ќе се изведуваат неговите грандиозни дела, од помал до најголем состав, неочекувано, по кратко боледување професорот Манчев замина од овој наш свет. Композиторот Томе Манчев беше голем човек со исклучителна професионалност, со целосна посветеност и со неисцрпна инспиративност, беше ментор кој несебично ги споделуваше своите идеи и искуства и своето огромно знаење. Тој беше композитор и професор кој приоѓаше кон секој проблем со перфекционизам со стремеж тоа што ќе се изработи и што ќе се создаде да биде совршено и беспрекорно. Во неговите дела совршенството го исполнуваше со длабока емотивност, со силни чувства и со јасна национална определба, што произлегуваше од неговата бескрајна почит за музичкото наследство на македонското
поднебје, и од мислата водилка – да се осмисли нешто ново што не е досега создадено. Кон сите прашања, дела, трудови... композиторот Манчев приоѓаше на единствен, за него препознатлив и непопустлив начин, секој збор, секоја мисла, секоја нота да бидат избрани откако најмалку дваесет пати ќе се осмислат, ќе се проверат, ќе се прегледаат сѐ додека не го добијат своето идеално значење.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Valentina Velkovska Trajanovska |
Date Deposited: | 13 Nov 2020 10:06 |
Last Modified: | 13 Nov 2020 10:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26731 |
Actions (login required)
View Item |