Генетски ресурси на Capsicum spp. во генбанката на ЈНУ Институт за јужни земјоделски култури

Koleva Gudeva, Liljana and Trajkova, Fidanka (2008) Генетски ресурси на Capsicum spp. во генбанката на ЈНУ Институт за јужни земјоделски култури. Зборник на трудови од III Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество.

[thumbnail of Koleva-Gudeva&Trajkova_Kongres ekolozi_2008_1.pdf] Text
Koleva-Gudeva&Trajkova_Kongres ekolozi_2008_1.pdf - Published Version

Download (867kB)

Abstract

Биодиверзитет е популарен начин да се опише разновидноста на живиот свет на Земјата и ги вклучува сите животни форми и екосистеми од кои тие се дел. Генетската разновидност во земјоделството овозможува културите и животните да се адаптираат на различни животни средини и услови за растење.
Македонија поседува значајна агробиолошка растителна разновидност како резултат на поволните географски и климатски карактеристики. Фактот дека во земјоделското производство во Македонија се признаени 129 домашни и 2025 увезени сорти кои се одомаќинети е еден доказ за големата агробиолошка разновидност. Пиперката има значајно место како кутура во градинарството во Македонија посебно во регионот на Струмица каде традиционално се култивираат различни сорти на пиперка со различна намена, од сорти за свежа консумација до сорти за индустриска преработка, одгледувани на отворено, во пластеници и во оранжерии.
Од 2000 година во ЈНУ Институт за јужни земјоделски култури во Струмица постои генбанка каде се колекционираат и ex-situ чуваат комерцијални сорти и селекционерски линии од различни култури. Во генбанката родот Capsicum е застапен со комерцијални сорти од различни делови на светот, како и со селекционерски линии кои се добиени со методот на андрогенеза од комерцијални сорти интересни за регионот и се предмент на понатамошно селекционерско проучување во Одделението за растителна биотехнологија.

Item Type: Article
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Fidanka Trajkova
Date Deposited: 06 Nov 2012 14:39
Last Modified: 06 Nov 2012 14:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/262

Actions (login required)

View Item View Item