Butleska Gjoroska, Valentina (2020) Oдредување на некои биохемиско-физиолошки параметри кај луцерка (Medicago sativa L.). PhD thesis, Goce Delcev University, Stip. Faculty of Agriculture.
Preview |
Text
Doktorat Butleska Gjoroska V. 10.02.2020 za print.docx.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Краток извадок
Во оваа докторска дисертација анализирани се резултатите од истражувањата, од кои може да се процени како различните региони со своите специфични агроеколошки и почвени услови влијаат на биохемиско-физиолошките параметри кај луцерката (Medicago sativa L.), како водечка и една од најважните фуражни култури.
Како материјал за работа во овие истражувања е користен сув надземен растителен материјал добиен од испитуваната култура луцерка (Medicago sativa L.), од сортата „Дебарска”.
Истражувањата во оваа дисертација се реализирани преку теренски и лабораториски мерења, броења, опсервации и анализи. Извршени се теренски истражувања и колекционирање на материјалот за работа од 19 различни локации, од три региони (Тетовски, Скопски и Овчеполски), во три откоси, за време на вегетативниот период на луцерката (Medicago sativa L.), во Република Северна Македонија. Изведувани се по три мерења за секој испитуван параметар.
Анализирани и испитувани се следните биохемиско-физиолошки параметри кај луцерката: процент на вoда и пепел, минерален состав, фотосинтетски пигменти, вкупни и растворливи јаглехидрати, активност на ензимот каталаза, органски киселини и нивната вкупна киселост, вкупни феноли, вкупен азот и протеини. Од агрохемиските параметри на почвата анализирани се рН, содржина на N, P, K и хумус.
Добиените резултати статистички се обработени со еднонасочна анализа на варијанса (ANOVA), за да се определат значајните разлики (p<0,05 и p<0,01) помеѓу аритметичките средини на примероците. Резултатите беа Post-Hoc анализирани со примена на Duncan-овиот многукратен тест за рангирање (Duncan`s multiple range test). Kористен е Пирсоновиот тест за корелација. За статистичка обработка на резултатите користена е софтверската програма (IBM SPSS Statistics Software v.23).
Од резултатите добиени во ова истражување се покажа оправданоста и значењето на одгледување на луцерката како важна фуражна култура во трите главни региони, како и предностите и недостатоците при одгледувањето во различните региони. Резултатите покажаа дека најповолен регион за одгледување на луцерка во Република Северна Македонија е Тетовскиот Регион и тие претставуваат прв целосен и комплетен преглед на биохемиско-физиолошките параметри кај луцерката.
Клучни зборови: хлорофили, јаглехидрати, органски киселини, каталаза, феноли, протеини, минерален состав, приноси.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Liljana Koleva Gudeva |
Date Deposited: | 14 Feb 2020 10:59 |
Last Modified: | 14 Feb 2020 10:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23817 |
Actions (login required)
View Item |