Popivoda, Emilija (2019) Предавање на Винфрид Хакл - Австрија на Музичката академија во Штип. You Tube. (Unpublished)
Preview |
Text
Винфрид Хакл - постер.pdf Download (293kB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
MA 1.pdf Download (333kB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
MA11.pdf Download (51kB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
MA5.pdf Download (59kB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
MA4.pdf Download (56kB) | Preview |
Abstract
На 20.02.2019 година во 12 часот, во концертната сала на Музичката академија во Штип , предавање на тема „Инструментот чембало, претходник на денешното пијано“ одржа проф. Винфрид Хакл од Австрија. Проф. Хакл е изведувач на барокна флејта, директор на Музичкиот конзерваториум Прегартен, Австрија и има своја мини фабрика за изработка на чембала. Специјално за студентите во Штип го донесе и своето чембало Grimaldi од Австрија, долго два ипол метри, на кое студентите имаа можност и да засвират.
Во своето инспиративно предавање од два ипол часа, тој подели стручни детали за настанокот на овој инструмент, неговото штимање во минатото, начинот на изведба, па се до модернизирањето на инструментот и настанокот на модерното пијано. Во преполната сала на Музичката академија, каде покрај студентите на УГД присуствуваа и професори и ученици од музичките училишта во Штип и Велес, предавањето го отвори проф. Хакл со своја изведба на композиција од Бах за барокна флејта и чембало. На чембало го придружуваше Емилија Потевска Попивода, професор по пијано на Музичката академија во Штип, која беше и организатор на овој настан. Мастер класот беше дел од програмата на Фестивалот МОДОАРС 2019, каде што проф. Потевска Попивода е уметнички селектор. Двајцата професори соработуваат веќе неколку години заедно, настапувајќи на неколку концерти и предавања во Австрија и реализираат заеднички снимки за Музичкиот конзерваториум во Перг.
По успешното предавање кое предизвика големо внимание кај студентите, проф. Хакл го најави и неговиот следен мастер клас во Штип за студентите на Музичката академија при УГД.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Emilija Potevska |
Date Deposited: | 29 Jan 2020 10:34 |
Last Modified: | 29 Jan 2020 10:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23516 |
Actions (login required)
View Item |