Нови сознанија за праисторијата во Централна и Источна Македонија: прелиминарни резултати од истражувањата во пештера Топлата (Велес) и Барутница (Амзабегово)

Nacev, Trajce and Stojanovski, Darko (2019) Нови сознанија за праисторијата во Централна и Источна Македонија: прелиминарни резултати од истражувањата во пештера Топлата (Велес) и Барутница (Амзабегово). In: Конференција Неолитот во Македонија.

[thumbnail of Programa - Neolitot vo Makedonija V.pdf]
Preview
Text
Programa - Neolitot vo Makedonija V.pdf

Download (277kB) | Preview
[thumbnail of Дарко_ЦИП19.pdf]
Preview
Text
Дарко_ЦИП19.pdf

Download (16MB) | Preview

Abstract

Пештерата Топлата, дел од комплексот Пешти на реката Бабуна кај Велес, за прв пат е идентификувана како потенцијален археолошки локалитет пред 21 година од страна на Љ. Шаламанов-Коробар и нејзиниот тим. Во Јуни 2019, со цел проширување на истражувањата на Палеолитот во Источна и Централна Македонија, беа извршени сондажни ископувања во централниот дел на првата сала на пештерата. Предвидувањата на Коробар дека се работи за пештера со богат седимент, со потенцијални културни остатоци од праисторијата, се покажаа како точни. Само седиментот од Холоцен е со длабочина од приближно 1м и содржи културни слоеви од Енеолитот до ХХ век. Токму остатоците од Енеолитот, содржани во секвенца од три фази, ќе бидат презентирани овде. Прелиминарните согледувања говорат за активности во пештерата во една преодна фаза од Неолитот кон Енеолитот, како и две други фази од раниот Енеолит. Проучената површина е само 4м2, дополнително скратена од седумте средновековни јами. Малото количество на материјал говори за можно вкрстување на влијанија, како од Север и Исток, така и од Пелагонија.

Повеќеслојната неолитска населба кај месноста Барутница, с. Амзабегово, Светиниколско, стои во основата на неолитската наука и периодизацијата на Неолитот во Македонија и пошироко. Благодарение на долгата стратиграфија, овој локалитет сведочи за животот на неолитските заедници од појавата на земјоделието, керамиката и перманентни населби, па се до периодот на културно-економска декаденција на овие земјоделци-пионери и појавата на нови вредности, веројатно под влијание на надворешни културни и демографски бранови. Според досегашните измерени апсолутни вредности, локалитетот живее помеѓу 6100 и 5000 години п.н.е. (калибрирани вредности). Целокупното знаење за овој локалитет се должи на ископувањата во 1960 под раководство на Ј. Корошец и С. Саржоски, и особено на ископувањата во 1969-70, во рамките на Југословенско-Американска експедиција, под раководство на М. Гарашанин и М. Гимбутас.
Во Септември и Октомври 2019, половина век по последните ископувања, извршивме ревизиони ископувања, со цел да воспоставиме еден современ пристап и перцепција во проучувањето на овој извонредно важен локалитет. Постојат огромен број на прашања во врска со најраните земјоделски и урбани центри во Македонија, кои со примена на современа технологија и научни методи, овој локалитет ќе ни ги одговори. Овде ги претставуваме првите, прелиминарни резултати од новата истражувачка кампања.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 25 Dec 2019 10:17
Last Modified: 25 Dec 2019 10:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23217

Actions (login required)

View Item View Item