Apasiev, Dimitar (2019) Римско право - Скрипта II. ISBN 978-608-244-661-5.
Preview |
Text
93. РП СКРИПТА II - B5 (29.X.2019).pdf Download (841kB) | Preview |
Abstract
Овaa втора интерна Скрипта по Римско право е наменета, првенствено, за студентите од прва година на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, кои овој предмет го слушаат како задолжителен во вториот семестар од додипломските студии. Taа може да им послужи и на студентите на втор циклус постдипломски студии, особено на оние кои го имаат оптирано предметот Римско кривично право, во рамките на Казнено–правната мастер насока.
Ова учебно помагало е плод на научноистражувачката работа на авторот за време на неговите докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (Република Македонија), како и при подготовката на неговиот докторат. Имено, римското право, во суштина, беше процесно право, па цениме дека ваквото претставување на организацијата на инокосните и колегијалните органи, кои ја вршеа кривичната јурисдикција во античката римска држава, ќе биде интересно четиво за студентите по право коишто за прв пат се среќаваат со оваа мошне значајна материја од доменот на правната романистика.
Се надеваме дека ваквиот приказ на римското судско право, односно, на правосудниот систем на Римјаните од вториот, републикански период на нивниот милениумски државно-правен развој, со посебен нагласок на магистратските коерциции во Рим и надвор од него, ќе им даде на младите правници доволен увид во начинот на тогашното правораздавање, a на подобрите од нив ќе им послужи како појдовна основа за натамошни попродлабочени истражувања на оваа интересна правно-историска материја.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 12 Dec 2019 09:09 |
Last Modified: | 12 Dec 2019 09:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23063 |
Actions (login required)
View Item |