Музичките ансамбли - форми за културна комуникација меѓу младите

Zelenkovska Leshkova, Stefanija and Islam, Aida (2011) Музичките ансамбли - форми за културна комуникација меѓу младите. Prosvetno Delo, 64 (5). pp. 53-71. ISSN 0350-6711

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_stefanija.zelenkovsk_Desktop_Prosvetno delo 2011 Orkestr_.pdf] Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_stefanija.zelenkovsk_Desktop_Prosvetno delo 2011 Orkestr_.pdf

Download (452kB)

Abstract

Со зголемените миграциони движења во ерата на глобализацијата, кохерентната сила на музичката уметност интензивно се промовира и како успешно средство за соживот. Токму затоа, нејзиниот универзален јазик во сферата на образованието се користи во разни форми на училишни и вонучилишни активности. Особено интересни за опсервација се вонучилишните музички состави - младинските оркестри, поради сопствениот избор за партиципирање во нив. Слободната волја ги поттикнува младите на спонтано дружење и споделување на различните културни вредности, со што, оркестрите стануваат креативни и стимулативни средини за учење, развој и мултикултурен соживот. “Повисоките цели“ т.е. квалитетот на музичката изведба го претопуваат “индивидуалното“ во “заедничкото“, а воедно создаваат култивирана публика со критериуми за уметничко-естетски вредности. Во Р. Македонија од 1981 година успешно функционира ваков модел преку Младинскиот оркестар при Младинскиот културен центар - Скопје. Идејата за неговото формирање била да се овозможи континуитет во изучувањето на музичките инструменти и активното музицирање кај младинците. Со оркестарот од 1981 до 2001 год. започнува да работи Шукри Рамадан, кој сеуште претставува најзначајното име во мандолинската дејност; потоа Вања Николовски и Сашо Татарчевски, а денес Ване Јовчев. Составот на оркестарот континуирано се оформува од ученици од различна етничка припадност од повеќе основни училишта од Скопје. Со текот на времето ансамблот прераснува во значаен и единствен фактор од овој вид во музичкото милје на државата. Тоа се потврдува со бројните успешни настапи, гостувања на врвни солистички имиња и освојувањето на повеќе престижни меѓународни награди. Последнава деценија се формирани два нови независни младински оркестри, “Скопје“ и “Арко“ со што се проширени перспективите за мултиетничка комуникација, зближување на младите и надминување на културните разлики преку музичкото изразување.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Stefanija Leskova Zelenkovska
Date Deposited: 27 Nov 2012 14:03
Last Modified: 27 Nov 2012 14:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2247

Actions (login required)

View Item View Item