Основи на применета електротехника: За студенти од техничките факултети

Cingoski, Vlatko (2019) Основи на применета електротехника: За студенти од техничките факултети. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-623-3

Full text not available from this repository.

Abstract

Развојот на компјутерската техника доведе до постепена, но забрзана автоматизација и компјутеризација на производството во современите индустриски и технолошки процеси. Денес е речиси незамисливо да постојат производни погони и процеси во кои не е застапена автоматизација или воведување на среден или висок степен на компјутеризација и компјутерски водени уреди, машини или постројки. Основна цел претставува реализација на производство на висококвалитетни и конкурентни производи како според квалитетот, така и според цената какви што бара денеска современото потрошувачко општество на домашниот и/или на светскиот пазар.
Ваквиот засилен и широко распространет тренд на автоматизација и компјутеризација на производните процеси од современите инженери бара, покрај солидните знаење од нивната основна дејност без разлика дали станува збор за индустриска технологија, машинство, металургија, рударство или која било друга инженерска дисциплина, и соодветни познавања од областа на електротехниката. Заради тоа, во процесот на студирање на овие генерално неелектротехнички инженерски дисциплини, потребно е студентите да се запознаат и со основните електротехнички принципи, особено со основите на електростатиката и на електромагнетиката, енергетската електроника, приципот на работа и на управување на електричните машини и трансформатори и нивната примена во современите индустриски процеси.
Логично е и секако дека не може да се очекува еден машински, градежен или рударски инженер во целост да замени еден електроинженер, но честопати потребно и неопходно е секој инженер, кој има генерални познавања од инженерството, да владее барем делумно и со основните постулати и закономерности кои владеат во електротехниката– не само во теорија туку уште повеќе во практиката.
Во овој материјал, направен е обид да се направи рекапитулација на основите на применетата електротехника на едноставен и разбирлив јазик и тие да се пренесат кон идните инженери кои не се одлучиле да студираат електротехника, туку некоја друга техничка дисциплина. Намерата на овој учебник е инженерите од техничко-инженерски кадар кога ќе се судрат со проблеми кои во основа имаат електротехнички карактер нив да може да ги идентификуваат, да ги предвидат можните проблеми и причини кои придонеле за нивната појава и доколку се едноставни тие проблеми да бидат во можност самостојно да ги коригираат. Од друга страна, доколку проблемите со кои се судираат се посериозни, тие да може да се обратат на специјализирани лица– електроинженери и со едноставен и разбирлив технички јазик да им ја пренесат суштината на проблемот и да ги запознаат со симптомите кои ги уочиле и проблемите кои се пречка во нивното редовно работење.
Овој учебник, пред сè, наменет е за студентите од техничките факултети при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, особено студенти на Факултетот за природно-технички науки, Факултетот за техничко-технолошки науки и Машинскиот факултет, но се разбира него може да го користат и други студенти и поширок круг читатели кои имаат потреба или се заинтересирани за запознавање со областа на применетата електротехника.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Mechanical engineering
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 18 Jul 2019 09:29
Last Modified: 18 Jul 2019 09:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22268

Actions (login required)

View Item View Item