Krakutovski, Zoran and Glavinov, Aleksandar (2014) Физибилити студија за изградба на панорамски трамвај Струмица – Цареви кули. [Project]
Preview |
Text
FS CAREVI KULImk.pdf Download (11MB) | Preview |
Abstract
Изработката на Физибилити студијата за изградба на панорамско – трамвајска линија Цареви Кули во Струмица е една од активностите за реализација на проектот панорамско трамвајска линија Цареви Кули, кој е дел од Проектот „Грантова шема за подршка на Југоисточниот регион“ финансиски подржан од Програмата за регионален економски развој на ГИЗ-РЕД, односно GIZ-RED, Deutshe Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) - Regional and local economic development in Macedonia (RED), а во имплементација на Центарот за развој на Јуоисточниот плански регион. Проектот финансиски е подржан и од Општина Струмица која е партнер во реализација на проектот.
Археолошкиот локалитет Цреви Кули се наоѓа во непосредна близина на Струмица на западната страна од градот. Овој историски локалитет е лоциран на рид со надморска височина од 410 - 440 метри што е 154 до 184 метри над надморската височина на која се наоѓа градскиот урбан простор (н.в. од 256 метри).
Локалитетот сведочи за древноста и историјата на ова поднебје преку која градот Струмица израснал, се развивал низ историјата и живее и денес. Тврдината Цареви Кули длабоко во себе крие многу приказни, митови и факти од античките времиња па до денес. Во 2007 година Националната установа – Завод и музеј Струмица, со подршка на Локалната самоуправа и Европската агенција за реконструкција, отпочнала со археолошки истражувања со цел да се откријат сите историски артефакти кои се скриени во овој културен споменик.
Втората фаза од истражувањата, конзервацијата, рестарвацијата и реконструкцијата на тврдината Цареви Кули се изведуваат со подршка на финансиски средства од ИПА (EU-IPA) Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција за периодот 2007-2013. Истражувањата, конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата на тврдината Цареви Кули ќе овозможи заживување и отварање на туристичка дестинација до овој прекрасен објект наследен од минатото.
Предвидениот проект ќе овозможи панорамско поврзување на ридот со градот, односно поврзување на градот Струмица со археолошкиот локалитет Цареви кули со користење на модерно превозно средство, со што ќе се овозможи искачување на ридот – тврдината за неколку минути, каде што граѓаните и туристите можат да уживаат во археолошкиот локалитет и прекрасниот панорамски поглед на градот и струмичката котлина. Непосредната околина на овој историски локалитет се планира да биде надополнета со нови содржини и објекти за спорт, забава и рекреација.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Civil engineering |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Aleksandar Glavinov |
Date Deposited: | 09 Apr 2019 12:44 |
Last Modified: | 09 Apr 2019 12:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21909 |
Actions (login required)
View Item |