Dodevski, Aleksandar (2018) Мобилна софтверска алатка за синхрона соработка базирана на WebRTC. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Александар Додевски магистерски труд.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Потребата за интеракција и соработка, за остварување на заеднички цели, постоела уште од почетоците на човештвото. Како што се развивала технологијата, со ист чекор следел развојот на алатките за комуникација и соработка. Брзиот развој на компјутерските системи и интернетот, основните алатки за поддршка на соработката се заменети со нови – електронски алатки за комуникација и соработка. Денес постоењето на системите во облак (cloud systems), мобилните уреди и интернетот на нештата (Internet of Things - IoT), е клучен за комплетна промена во начинот на интеракција и соработка. Денес согласно со барањата на современото општество, постојат алатки кои овозможуваат комуникација и размена на информации и содржини во реално време, придонесувајќи кон поефикасна, поефективна и поевтина соработка помеѓу тимовите кои се гео-локациски дисперзирани на планетата. Во тој контекст, новите софтверски алатки за соработка придонесуваат за големи промени во многу општествени сектори, на пример во образованието, администрацијата, индустријата, медицината, сервисните услуги и особено корисничката поддршка итн.
Денес софтверските алатки за соработка можат да се класифицираат во две категории, и тоа:
Асинхрони алатки за соработка. Овие алатки им овозможуваат на учесниците да соработуваат во реализацијата на работните задачи во различни временски периоди и од различни локации.
Синхрони алатки за соработка. Овие алатки им овозможуваат на учесниците да соработуваат во реално време, без разлика дали се на иста локација или дисперзирани на различни локации.
Согледувајќи ги потребите од реализација на едноставни и флексибилни синхрони алатки за соработка, главната цел на овој магистерски труд е да ги проучи постоечките алатки за синхрона соработка и да понуди архитектура на алтернативна мобилна синхрона алатка базирана на WebRTC (Web Real-Time
2
Communication) која ќе го минимизира користењето на системските ресурси на мобилните уреди.
За потребите на ова истражување е развиена прототип мобилна апликација која имплементира аудио и видео комуникација во реално време базирана на WebRTCи истата е искористена за проучување на најсоодветната технологија за сигнализација и пренос на податоци. Извршено е истражување преку студија на случај за квалитетот на искуство (Quality of Experience) и квалитетот на сервис (Quality of Service) на ваквиот тип на алатка, и се проучени можностите за нејзина примена како алатка за корисничка поддршка. Резултатите се елаборирани во овој магистерски запис.
Клучни зборови: аудио и видео конференција, реално време, андроид, комуникација
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 14 Jan 2019 13:21 |
Last Modified: | 14 Jan 2019 13:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21074 |
Actions (login required)
View Item |