Улогата на музичката едукација во функција на спроведување на предметот Музичко образование во одделенската настава

Zelenkovska Leshkova, Stefanija and Islam, Aida (2010) Улогата на музичката едукација во функција на спроведување на предметот Музичко образование во одделенската настава. Godisen Zbornik, 1 (1). pp. 13-21. ISSN 1857-7296

[thumbnail of штконференција.pdf] Text
штконференција.pdf

Download (422kB)

Abstract

Апстракт: Музичкото образование придонесува за успешно интегрирање на личноста во општеството; подобри постигнувања во останатите области од образовниот систем; развојот на личноста (IQ, когнитивните способности, спацијално-визуелната перцепција, моториката, вербалната спосособност) ; стекнување на самодисциплина, работни навики и превземање на одговорност во животот. Овие тези не иницираа да се осврнеме кон системот на пренесување на знаењата кај нас со цел да се добие функционално музичко образование во рамките на севкупниот образовен систем. Спроведовме истражување да видиме колку предвидената наставна програма влијае врз критериумите за значењето на предметот музичко образование кај идните наставници. Ова не интересира особено поради фактот дека наставната програма која се изучува во текот на студиите на Педагошкиот Факултет во Скопје, во потполност ги задоволува потребите за реализирањето на наставата по овој предмет а ставот е незадоволитекен. Истражувањето покаѓа дека музичката едукација во текот на студиите ги проширува музичките знаења и вештини (како на пр. свирење на пијано и орфови инструменти) што претставува значаен фактор за надминување на бариерата од апстрактност на музиката. Сепак, незадоволитениот став кон предметот музичко образование е резултат на влијанието на свеста на целокупната средината за значењето на предметот генерално во рамките на образовниот систем. Менувањето на ваквиот став кај идниот наставен кадар е бавен и долготраен процес особено што се едуцираат да бидат компентентни за сите предмети во наставата. Кај дел од оваа популација, музичките предиспозиции претставуваат дополнителен хендикеп во совладувањето на некои muziмузички компоненти како на пр.: музичката интонација и ритамот резултираат во недостаток од самодоверба. Сепак, постојат начини за надминување на ваквата состојба преку користење на Це-Де, Ди-Ви-Ди, практичната примена на детските музички инструменти, посетата на музички настани и сл. кои би овозможиле функционална реализација на предметот музичко образование во одделенската настава.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Stefanija Leskova Zelenkovska
Date Deposited: 26 Nov 2012 14:02
Last Modified: 26 Nov 2012 14:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2079

Actions (login required)

View Item View Item