Aleksandrov, Mihail and Maksimova, Viktorija (2018) Клиничка ефикасност на хербални препарати од Ginkgo biloba L. (Ginkgoaceae) во третман на церебрална инсуфициенција. In: Прв конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2018, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Kniga so apstrakti_finalna verzija_SKOM.pdf Download (2MB) | Preview |
Preview |
Text
POSTER ZA KONGRES_MA_2018_FINAL VERSION (1).pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Церебралната инсуфициенција е термин кој опишува збир на симптоми поврзани со деменцијата. Појавата на деменција може да се должи на повеќе невропатолошки процеси, вклучувајќи ги невродегенеративните и васкуларните болести. Симптомите на деменција се тесно поврзани со загуба на невроните, нарушена невротрансмисија и намалување на интелектуалните функции, поврзани со нарушувања во крвта и снабдувањето со кислород. Екстрактите од Ginkgo biloba L. (EGb) кои содржат: 0,2-0,4% флавонолни гликозиди, гинколиди (0,06-0,23%) и билобалиди (до 0,26%) [1], се користат при симптоматски третман на лесна до умерена цереброваскуларна инсуфициенција [2,3], поради нивната способност да ја подобрат церебралната циркулација. По пребарувањето на хумани клинички студии во PubMed базата на податоци, поврзани со ефектите на Ginkgo biloba L. во церебралната инсуфициенција, ги евалуиравме единаесетте клинички студии поврзани со ова лековито растение. Една клиничка студија покажала дека EGb може да биде ефикасен во третманот на симптоми на церебрална инсуфициенција, вклучувајќи ги: намалена концентрација и проблеми со меморијата, конфузија, недостиг на енергија, депресивно расположение и анксиозност [4]. Во една 52-неделна, рандомизирана, двојно слепа, плацебо-контролирана, паралелна група, мултицентрична стидија, беше проучена ефикасноста и безбедноста на EGb761 кај пациенти со Алцхајмерова болест и мулти-инфарктна деменција. Вкупно 202 пациенти обезбедиле податоци кои можеле да се евалуираат. Пациентите во првата група биле на терапија со 120mg (сметано на главни активни состојки) со EGb761, еднаш дневно, а другата група примила плацебо. По третманите, нивните резултати покажале дека групата која примила EGb761 покажала 1,4 пати подобри резултати од плацебо групата. Истите модели биле забележани со евалуираните податоци, во кои 27% од пациентите третирани со EGb761 постигнале најмалку четири точки во подобрувањето од Скалата за проценка на Алцхајмерова болест, споредено со 14% кои примиле плацебо [5]. Овие студии ја покажуваат ефикасноста на хербалните препарати од гинко и ја поддржуваат неговата употреба кај пациентите со церебрална инсуфициенција.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Viktorija Maksimova |
Date Deposited: | 05 Nov 2018 11:19 |
Last Modified: | 05 Nov 2018 11:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20735 |
Actions (login required)
View Item |