Stojkov, Stojko (2016) Свети Климент – епископ словенски / επισκοπου Βουλγαριας. In: Милениумското зрачење на св. Климент Охридски, 29-30 Oct 2016, Skopje, Macedonia. (Submitted)
Preview |
Text
REFERAT МАНУ 2016 св. Климент.pdf Download (253kB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
20180615_163212.pdf Download (3MB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
20180615_163222.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Епископ словенски се јавува дел од оригиналната и официјална титула на епископот Климент, користена уште додека светецот бил жив и посмртно од неговите ученици. Таа ја одразувала специфичната организација на словенските етнички епископии во Бугарија во Х в., а се асоцира и со јазичната и богословска традиција поврзана со делото на св. Кирил и Методиј. Титулата епископ бугарски / на Бугарија се јавила од втората половина на XI в. и понатаму во текстови на грчки јазик како превод и преосмислување на титулата „епископ словенски“. Тоа се случува во процесот на претворање на св. Климент во патрон на Охридската архиепископија и на присвојување и адаптирање на словенската христијан¬ска апостолска традиција од ромејските архиепископи на „цела Бугарија“, во нивниот напор да докажат рамноапостолна заснованост на својата црква. Овие титули се продукт на две различни традиции – на словенската („епископ словенски“) и на охридската византиска („епископ бугарски“), кои на свој начин го интерпретирале св. Климент и неговото дело. Заедничко меѓу нив е тоа што и двете го правеле св. Климент свој. Општо е и тоа што и двете се поврзани со реални институции (словенски – со словенските етнички епископии, а бугарски – со Охридската архиепископија). Разликите се во факторите што го прикажу¬вале него какo свој: Словените („словенски“) или византиските „архиепископи на цела Бугарија“ („бугарски“) и во реалноста на претензијата – преку поимот словенски се одразува фактичка состојба, а преку бугарски – идеолошка претензија.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Stojko Stojkov |
Date Deposited: | 30 Jul 2018 10:15 |
Last Modified: | 30 Jul 2018 10:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20144 |
Actions (login required)
View Item |