Nacev, Trajce (2017) Проект: Пајонски утврдувања, населби и некрополи по долината на река Брегалница. [Project]
Preview |
Text
PRELIMINAREN IZVESTAJ MINISTERSTVO ZA KULATURA.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Пештерата се наоѓа на левиот брег на еден од доловите кои ја формираат Селничка река, десетина метри над нивото на потокот. Влезот се наоѓа на 766 метри надморска височина. Пристапот до отворот на пештерата е тежок. За непречено влегување потребна е помошна опрема, како што се скали и јажиња. Влезот има форма на косо поставена елипса без пристапно плато. Пештерата се протега во насока Исток-Запад, со влез приближно од Запад. Преку краток коридор од неколку метри се влегува во првата галерија, која има неправилно кружна форма (Сл. 1, галерија А). Од оваа галерија радијално продолжуваат неколку коридори со различна големина. Постојат спелеолошки извештаи кои сведочат дека оваа галерија преку тесни отвори е поврзана со две помали пештери кои се наоѓаат неколку десетина метри јужно и на пониско ниво од оваа пештера, а низ централниот и најголем коридор пештерата навлегува повеќе од 100 метри во внатрешноста на ридот. Нашите истражувања беа сконцентрирани во првата галерија, иако фрагменти од керамика беа забележани и на површината подлабоко во пештерата.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 14 Dec 2017 10:43 |
Last Modified: | 14 Dec 2017 10:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18694 |
Actions (login required)
View Item |