Nacev, Trajce and Sekulov, Vane (2017) Археолошки истражувања на Могила „На Манастир“ с. Габревци општина Конче. Археолошки информатор. ISSN 2545-4536
Preview |
Text
03_Археолошки_Информатор_број_1_Трајче_Нацев_и_Секулов_Ване_Манастир.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Општина Конче се наоѓа во југоисточна Македонија, помеѓу општините Штип, Радовиш и Струмица. Се простира на површина од 223 км 2 во правец југоисток – северозапад, врамена со масивите на планините Смрдеш од североисток и Градец и Конечка планина од југозапад, на надморска височина од 400 до 800 м.
Со рекогносцирањето на таа територија во 2008 година се регистрираа 10 могили1, две повеќе од рекогносцирањето изведено 1976 година, од страна на стручна екипа на РЗЗСК.
Локалитетот Манастир се наоѓа околу 2 км северозападно од с.Габревци, 300 м североисточно од локалниот пат кој води кон селото. Могилата особено нејзиниот врв е вонредно доминантен во својата местополжба со надморска височина од 462 м. Од врвот на могилата има визуелен контакт со целата долина на Крива Лакавица со околните планини.
Во 2006 година, од страна на месното население беше пријавено нелегално копање на локалитетот Манстир, село Габревци. По пријавата беше известена Управата за заштита на културното наследство- Скопје. Поради презафатеност да изврши увид, а поради итноста, Управата ја овласти НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Штип, да изврши увид на локалитетот. Увидот беше извршен и за него беше поднесен извештај до Управата за заштита на културното наследство на Р Македонија2.
Заштитните археолошки истражувања на могилата се изведени во 2008 година3, како резултат на увидот направен во 2006 година.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 14 Dec 2017 09:38 |
Last Modified: | 14 Dec 2017 09:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18690 |
Actions (login required)
View Item |