Arsov, Emilija and Mitrev, Sasa (2017) Анатомски и физиолошки промени кај болните растенија - скрипта. ISBN 978-608-244-426-0.
Full text not available from this repository.Abstract
Патолошки процес и појавата на болест се основа во фитопатологијата и заштитата на растенијата и може да настане доколку растението домаќин е склоно кон одреден патоген, има присуство на патогениот организам, доволна количина на инфективен материјал и нормално остварен контакт. Условите за патолошкиот процес мора да бидат исполнети во исто време и доколку барем еден од условите не биде исполнет, во тој случај нема да дојде до развој на процес на патогенезата, а последователно на тоа и на болеста.
Патолошките промени кај болните растенија можат во основа да се сведат на промена во структурата, организацијата и функцијата на клетките.
Предметот Анатомски и физиолошки промени кај болните растенија има за цел да ги проучува патоцитолошките, патохистолошките и патофизиолошките промени, нивната меѓусебна поврзаност и зависност на сите промени во градбата и функцијата на клетките, ткивата и целото растение.
Учебното помагало како наставно градиво е наменето за студентите од прв циклус на студии на Земјоделскиот факултет, за да може покрај познавањата од Фитопатологија, своето знаење да го продлабочат во областа на анатомските и физиолошките промени кај растенијата.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Emilija Arsov |
Date Deposited: | 01 Nov 2017 13:34 |
Last Modified: | 01 Nov 2017 13:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18371 |
Actions (login required)
View Item |