Mustacki, Dragan (2014) Заштита на правото на сопственост и владението во Република Македонија”. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.
Preview |
Text
МАГИСТЕРСКИ ТР УД-Драган Мустачки.pdf Download (489kB) | Preview |
Abstract
Во овој магистерски труд е разработена заштитата на правото на
сопственост, која главно се врши со тужби, но и на други начини, како на пример
со запишување на правата на недвижности во соодветни јавни регистри.
Нормативното уредување на сопственичките тужби во правниот систем на
Република Македонија е содржано во повеќе закони. Овде се разработени
тужбите како што се сопственичка тужба за поврат на стварта, тужба на
претпоставениот сопственик, тужба поради вознемирување на сопственоста,
тужба за заштита на сосопственоста, односно заедничката сопственост,
деклараторна тужба и излачна тужба. Тужбите за промена, односно за бришење
на уписите на правата во Катастарот, според едно пошироко сфаќање, спаѓаат во
тужбите со кои се штити правото на сопственост.
Што се однесува пак за судската заштита на владението, истата се дава врз
основа на, тужба за смеќавање на владението и тужба за враќање на владението.
Битно кај судската заштита е тоа што владетелската заштита се дава на
последното фактичко владение на стварта, а не се расправа за правото на
владение. Понатаму, во трудот се опфатени и заштитата на посредно владение,
каде што тужба може да поднесе посредниот држател на стварта, судската
заштита на совладението, заштитата на владението на наследниците и
дозволената самопомош за неовластено вознемирување и одземање на
владението каде што, законот предвидува самопомош како исклучителна,
дозволена и условена можност на самозаштита на постојното владение по пат на
сопствени сили и средства, без учество на органите на државната власт.
Клучни зборови
Сопственичка тужба, сосопственост, совладение, одржувачка, недвижност,
тужител, имот.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Ljubotenski |
Date Deposited: | 24 Aug 2017 06:35 |
Last Modified: | 24 Aug 2017 07:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18088 |
Actions (login required)
View Item |