Практикум по Фитофармација

Mitrev, Sasa and Kovacevik, Biljana (2017) Практикум по Фитофармација. ISBN 978-608-244-378-2.

Full text not available from this repository.

Abstract

Практикумот по фитофрмација е наменет за студентите на Земјоделски факултет, агрономите и сите кои директно или индиректно се вклучени во процесот на заштита на растенијата. Во практикумот се обработени начелата за успешна апликација на пестицидите кои треба да се познаваат за да се воспостави успешна заштита и да се избегнат грешки кои би можеле да предизвикаат економски загуби. Практикумот е составен од девет поглавја според кои се концепирани дванаесет вежби. На почетокот дадени се формулациите, односно обликот во кој можат да се најдат пестицидите на пазарот. Познавањето на формулацијата на пестицидите е од особено значење во процесот на избор на комерцијален производ кој ќе даде најдобри резултати согласно природата на патогенот/штетникот. Потоа, дадени се најзначајните физичко-хемиски својства на пестицидните препарати и непестицидните компоненти кои влегуваат во нивниот состав, како и постапката за нивно определеување. Во продолжение се истакнати предностите и недостатоците од употребата на пестицидите во земјоделското производство и пошироко. Значаен момент во заштитата на растенијата претставува начинот на апликација на пестицидите. Затоа во практикумот е посветено посебно внимание на најчестите и најзначајни начини на апликација, како што се: запрашувањето, задимувањето, растурањето на гранули, прскањето, оросувањето, замаглувањето, фумигацијата, дезинфекцијата на почва и дезинфекцијата на семе. За подобра ориентација во практиката, дадени се ознаките кои можат да се видат на амбалажата од пестицидот. Познавањето на овие ознаки може да биде од пресудно значење за заштита на здравјето на работниците кои ги аплицираат пестицидите, како и за заштита на околината. Посебно внимание е посветено на начинот на пресметување на количеството од пестициди потребно за подготвување на одредено количество раствор со определена концентрација за апликација на пестицидите во зависност од прскалката која се употребува. Студентите, идни агрономи, во посебно поглавје од практикумот можат да се запознаат со законските регулативи кои се донесени во Република Македонија од областа на заштитата на растенијата во поглед на опремата, уредите и просториите за вршење производствена дејност, промет на големо и промет на мало на средствата за заштита на растенијата. Работниците кои се изложени на дејството на пестицидите треба да бидат соодветно заштитени. Принципите на заштита на човекот и околината од штетното дејство на пестицидите се опишани во осмото поглавје. Во контекст на тоа се надоврзува и последната тема од практикумот посветена на методите за определување на резидуи од пестициди. Во ова поглавје се опишани принципите за определување на резидуи од пестициди со гасна и течна хроматографија, начинот на екстракција и валидизација на методите за работа.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Kovacevik
Date Deposited: 27 Mar 2017 13:00
Last Modified: 27 Mar 2017 13:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17639

Actions (login required)

View Item View Item