Фитофармација - скрипта

Mitrev, Sasa and Kovacevik, Biljana (2017) Фитофармација - скрипта. ISBN 978-608-244-379-9.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптата Фитофармација е наменета да ги запознае идните агрономи и пошироката јавност со основните начела и принципи во заштитата на растенијата, посветувајќи посебно внимание на хемиските мерки за заштита. Во првата глава е даден краток преглед на превентивните и куративните мерки за заштита, како и нивната поделба. Науката која го проучува хемискиот метод за заштита е наречена фитофармација и на неа е посветена втората глава од оваа скрипта. Опфатени се основите на фитофармацијата како наука, поделбата на пестицидите, како и правилата за нивна употреба. На мошне прифатлив и разбирлив начин за студентите, објаснети се физичко хемиските својства на пестицидите, нивната отровност, начинот на поделба, како и основните карактеристики на сите групи пестициди: инсектициди, фунгициди, хербициди, авициди, нематоциди, лимациди, родентициди и бактерициди. На секоја од овие групи пестициди е посветено посебно поглавје во кое се опишани нивните најзначајни карактеристики, како што е нивната поделба, пестицидни својства, а опишани се и карактеристиките на најзначајните претставници на пестициди од дадената група. Посебно внимане е посветено на пестицидните формулации и нивните активни материи кои имаат добиено дозвола за употреба во Република Македонија во 2015 година.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Kovacevik
Date Deposited: 27 Mar 2017 12:54
Last Modified: 27 Mar 2017 12:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17638

Actions (login required)

View Item View Item