Kovacevik, Biljana (2016) Испитување на квалитетот на подземните води во Струмичкиот регион како важен ресурс во земјоделското производство. PhD thesis, UGD.
Preview |
Text
Испитување на квалитетот на подземните води во Струмичкиот регион како важен ресурс во земјоделското производство.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Во периодот од 2013 – 2015 година испитуван е квалитетот на подземните води во Струмичкиот регион. Околу 76% од водите се со длабочина до 23 m а останатите 24% имаат длабочина од 70 до 130 m. Подземните води имаат слабо алкален карактер и просечна температура од околку 16,5 ºС. Кондуктивноста е во
границите од 1,22 – 17,49 μS/cm а алкалноста од 0,05 – 750,97 mg/l. Главни јони во подземните води се Ca2+ и HCO3
– што укажува дека тие лежат на карст и најверојатно претстсвува главна причина за алкалноста на подземните води како и алкалноста на почвата која е наводнувана со ваквата вода. Од тешките метали и елементи во траги испитувани се Al, Аs, B, Be, Cd, Cr, Co, Cu, Fe, Pb, Li, Mn, Mo, Ni, V, Zn и Ti со помош на масена спектрометрија спрегната со индуктивна плазма (ICP-MS) со апарат марка Agilent тип 7500 CX. Зголемени концентрации кои ги надминуваат МДК вредностите според „Уредбата за води на РМ“ и според FAO забележани се за NO3–, As, Mn, Cl и Mo кај 34,45%, 15,13%, 88,5% и 47,70% од примероците. Кај водите од пролувијалниот дел постојат услови за загадување со нитрати но не и кај водите од алувијалниот дел на котлината чии хемиски карактеристики укажуваат на појава на денитрификација.
Статистичката анализа покажа дека тешките метали и елементи во траги најверојатно потекнуваат од карпите со кои водата е во контакт. Од пестицидите испитувани се бупрофезин, беналаксил, метомил, метрибузин, малатион, пириметанил, пиримикарб, пропамокарб, пиримифос метил, пенконазол, триадименол, хлорпирифос, и -цихалотрин. Употребена е течно- течна екстракција со дихлорометан (DCM) како растворувач која покажа задоволителни резултати за сите испитувани пестициди освен за пропамокарб. Квалитативното и квантитаивното определување на пестицидите е направено
со помош на гасна хроматографија спрегната со масена спектрометрија (GC-MS) и апарат марка Agilent 6890N опремен со разделен/хразделен инјектор JAS UNIS серија 7683B. Користен е инлет со полнење од стаклена волна и единечно
стеснување (JAS 90323L). За одделување на компонентите употребена е колона DB-5ms (Supelco) и хелиум како мобилна фаза. Направените истражувања за подобрување на осетливоста со употреба на пулсно инјектирање покажаа дека притисок од 50 psi со затворање на вентилот за 1,5 минути го подобрува сигналот кај метомил, а кај хлорпирифос и малатион за 0,5 минути. Притисок од 10 psi и затворање на вентилот за 0,5 минути го подобрува сигналот кај пенконазол, пириметанил, пиримикарб и метрибузин а притисок од 20 psi за времетраење од 1,5 минути го подобрува интензитетот на сигналот кај пиримифос метил и беналаксил. Иако се смета дека испитуваниот регион претставува критично подрачје кога се
зборува на загадување на подземните води со пестициди, само кај 5% од испитуваните 78 примероци утврдено е нивното присуство. Од испитуваните тринаесет пестициди идентификувани се само пириметанил и хлорпирифос со максимална концентрација од 0,0299 ± 0,00026 μg/l и 0,0133 ± 0,00929 μg/l, последователно. Се смета дека главна причина за слабата застапеност на пестицидите во подземните води е одгледувањето на растенијата во пластеници и употребата на системот за наводнување капка по капка каде што отсуствува присуството на поголемо количество вода, потребно за доспевање на пестицидите во подземните води.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Biljana Kovacevik |
Date Deposited: | 26 Jan 2017 09:27 |
Last Modified: | 26 Jan 2017 09:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17006 |
Actions (login required)
View Item |