Temelkoska, Bratica (2011) Спојување на материјали. Goce Delcev University, Stip, Macedonia. ISBN 978-608-4504-22-1
Full text not available from this repository.Abstract
Поимот спојување на материјалите ги вклучува процесите на заварување, тврдо и меко лемење, спојување со лепила и механичко поврзување. Изработката на одговорни конструкции со сложен облик е можно со заварување , со заковки и леење. Но, бидејќи со процесот на спојување на материјалите со заварување се остваруваат повеќекратни предности над процесот со заковки и леење, во оваа скрипта не се опфатени овие постапки.
Оваа скрипта е наменета за студентите од Машински Факултет-Универзитет „Гоце Делчев”-Штип, а е напишана според наставната програма за насоката Производно машинство.
Со оваа програма опфатени се конвенционалните постапки за заварување, специјалните постапки на заварување на железни и нежелезни материјали, како и процесите на лемење и лепење на метални, неметални материјали, како и нови материјали, композити, стакло.
Посебно внимание е посветено на однесувањето на материјалите при заварување, структурни промени во заварениот спој, можни грешки и испитување на заварени споеви.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Mechanical engineering |
Divisions: | Faculty of Mechanical Engineering |
Depositing User: | Bratica Temelkoska |
Date Deposited: | 27 Oct 2016 10:30 |
Last Modified: | 27 Oct 2016 10:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16545 |
Actions (login required)
View Item |