Andronikov, Darko and Jordeva, Sonja (2016) Операции на пренос на маса-практикум. ISBN 978-608-244-282-2.
Preview |
Text
736f6e6a612e6a6f7264657661on.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Овој практикум е помошен материјал, односно додаток на скриптата за
студентите кои го слушаат предметот Операции на пренос на маса како посебен
предмет, како и за дел од предметите Кинетика и феномени на пренос и Технолошки
операции во прехранбената индустрија во втора година на Технолошко-техничкиот
факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и со самото тоа првенствено е
наменет за студентите на овој факултет. Практикумот можат да го користат и студенти
кои изучуваат технолошки операции во текстилната или други гранки на индустријата.
Потребата од овој практикум произлезе од недостатокот на литература од оваа област.
Практикумот содржи: кратки изводи од теоријата неопходни за објаснување на методите
за пресметка на конкретни проблеми, пресметковни задачи и упатства за лабораториски
вежби. Практикумот е конципиран според предметната наставна програма и е усогласен
со содржините од скриптата по истиот предмет. Материјалот е структуриран во 11
поглавја ‒ едно воведно и поглавјата: материјални биланси, дифузија, конвективен
пренос на маса, меѓуфазен пренос на маса, адсорпција, рамнотежа на фази,
дестилација, екстракција, кристализација и сушење.
Практикумот му овозможува на студентот стекнување на знаења и вештини за
составување и пресметка на тотален, делумен или компонентен биланс во некој
хемиски процес и решавање на проблемски задачи од областа на дифузија,
конвективен и меѓуфазен пренос на маса, фазна рамнотежа и сушење. Исто така,
студентот ќе се запознае со основните лабораториски апаратури и начини за
изведување на процесите дестилација, екстракција и кристализација.
Како автори на овој практикум ќе бидеме бескрајно благодарни за сите
забелешки и сугестии во однос на овој ракопис во насока на негово подобрување.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Mechanical engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sonja Jordeva |
Date Deposited: | 28 Sep 2016 07:00 |
Last Modified: | 28 Sep 2016 07:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16315 |
Actions (login required)
View Item |