Miteva, Zlatka and Trbojevik, Natasa (2016) Интерпретациските проблеми на Сонатата за флејта и пијано „Ундин“ оп.167 од Карл Рајнеке со анализа на први став. ISBN 978-608-244-269-3.
Full text not available from this repository.Abstract
Скриптата „Интерпретациските проблеми на сонатата за флејта и пијано од Карл
Рајнеке „Ундин“оп. 167 во е-мол со анализа на први став“, е наменета за
студентите на Вокално-инструменталниот оддел по предметот Флејта со
корепетиција на Музичката академија. Напишана е со цел да им се помогне на
студентите од овој предмет, со тоа што во скриптата се опфатени технички,
музички и исполнителни аспекти и тонската корелацијата на двата инструменти во
овој специфичен стилски правец – Романтизам.
Ова карактерно дело, кое само по себе говори за својата тежина, ќе ги насочи
студентите самостојно да размислуваат за начинот за исполнување на делата од
овој стилски правец. Ќе ги развијат и почнат да ги владеат специфичните
карактеристики на инструментот флејта, и тоа: артикулација, техника на прсти,
дијафрагма, интонација, вибрато, различни колоритни нијанси, усвојување на
практични и ефикасни техники кои се тесно поврзни со обемноста и сложноста на
романтичните дела како и спецификата за сонатните романтични форми –
фразирањето.
Пијаното во оваа соната има рамноправна улога како и флејтата.
Богатството на многубројните технички, како и интерпретациски предизвици и
проблеми, вклучува цел дијапазон на технички, артикулациски, како и
интерпретациски проблеми, паралелно со флејтата ја донесува оваа убава соната
во целата нејзина виртуозност и тежина. Најважното објаснување што ќе го
пронајдат студентите во оваа скрипта, е начинот на интерпретација во двата
инструмента – флејтата и пијаното.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Zlatka Miteva |
Date Deposited: | 24 Mar 2016 11:40 |
Last Modified: | 24 Mar 2016 11:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15649 |
Actions (login required)
View Item |