Застапеност на денталните амалгами кај студентите на Факултетот за медицински науки во Штип

Kovacevska, Ivona (2015) Застапеност на денталните амалгами кај студентите на Факултетот за медицински науки во Штип. In: 22nd International Dental Student’s Scientific Congress, 22-24 May 2015, Ohrid, Macedonia. (Submitted)

[thumbnail of ABS2015.pdf]
Preview
Text
ABS2015.pdf

Download (18MB) | Preview
[thumbnail of Poster Jane.pptx] Slideshow
Poster Jane.pptx

Download (315kB)

Abstract

Вовед: Денталниот амалгам како материјал за дефинитивно полнење на кавитетите, претставува легура на живата со металите сребро, бакар, калај и цинк.
Цел: Цел на истражувањето ни беше да направиме процена на присуството на амалгамските реставрации кај студентите на Факултетот за медицински науки.
Материјал и метод: Испитувањето го реализиравме на вкупно 140 испитаници од обата пола, студенти од четврта година на студиската програма по општа медицина, фармација и дентална медицина, на Факултетот за медицински науки, при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.
На сите испитаници беше направен клинички преглед и нотирано присуството или отсуството на амалгамските реставрации и нивната кондициона состојба, а преку анкетен прашалник направивме евалуација на полнењата и ставовите на студентите. Добиените резултати од клиничкиот преглед и анкетниот прашалник статистички ги анализиравме.
Резултати: Резултатите и нивната анализа покажаа рестриктивно присуство на денталните амалгами со различна кондициона состојба и маргинална адаптација.
Заклучок: Независно на своите позитивни но и несакани особини денталниот амалгам послабо е присутен во реставративната стоматологија.
Композитните смоли и современите нанокомпозити со својата висока естетика и солидна маргинална адаптација го надминуваат денталниот амалгам.
Клучни зборови: амалгам, легура, рабно затварање,клинички преглед.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 12 Feb 2016 09:15
Last Modified: 12 Feb 2016 09:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15247

Actions (login required)

View Item View Item