Angelovska, Bistra (2015) Самолекување на деца. Ваш аптекар (5). pp. 15-17. ISSN 1857-971X
Preview |
Text
samolekuvanje na deca.pdf Download (223kB) | Preview |
Abstract
Што е самомедикација (самолекување)?
Самомедикацијата (самолекување) вклучува сé што прават луѓето за да го одржат личното здравје или здравјето на блиските. Тоа вклучува низа на терапевтски и хигиено-диететски мерки – исхрана, режим на движење, откажување од штетни и нездрави навики; земање на лекови без лекарски рецепт, земање на други средства за одржување на здравјето.
Самомедикацијата (самолекување) се применува со употреба на лекови и други медицински производи за симптоми кои може да ги препознае самиот пациент, како и при здравствени проблеми кои се ограничени сами по себе.
Лековите за самомедикација имаат познат профил на безбедност – ниска фреквенција и тежина на несакани дејства. Пациентите можат сами да ги дозираат лековите и не постои ризик по здравјето при нивна правилна употреба. Таквите лекови се издаваат на барање на пациентот и со препорака на фармацевтот без лекарски рецепт.
Користењето на лековите за самолекување е поврзано со поголема одговорност на пациентот за сопственото здравје. Доколку симптомите продолжат повеќе од три дена, пациентот се упатува на консултација со лекар.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bistra Angelovska |
Date Deposited: | 13 Oct 2015 08:10 |
Last Modified: | 13 Oct 2015 08:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13922 |
Actions (login required)
View Item |