Состојбите во Македонското револуционерно движење од потпишувањето на Мајскиот манифест до убиството на Тодор Александров

Stojanovski, Strasko / S.S (2010) Состојбите во Македонското револуционерно движење од потпишувањето на Мајскиот манифест до убиството на Тодор Александров. Godisen zbornik na INISA, pri UGD-Shtip, 1 (1). pp. 71-81. ISSN 1857-7342

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of Zbornik1.pdf] Text
Zbornik1.pdf

Download (1MB)

Abstract

Со цел да се стави крај на непријателствата и да дојде до обединување
во цврст и единствен македонски блок, кон крајот на 1923 и почетокот
на 1924 година започнале преговори за помирување, со посредство и на
иницијатива на Коминтерната. Во текот на април 1924 година преговорите
биле префрлени во Виена и резултирале на крајот на април и почетокот
на мај со договор за обединување. Како резултат на ова биле објавени
повеќе заеднички документи, во кои се прок ламирала платформата
за обединувањето и програмската определба на идната, единствена
македонска организација.
Преку четирите изготвени документи: „Декларација”, „Протокол
за обединување”, „Манифест” и „Декларација на Македонската парла-
ментарна група” биле поставени основните начела и насока на делу вање
на идното Македонско револуционерно движење - обе динета и независна
Македонија, како рамноправен член на идната Балканска Федерација, под
закрила на Советска Русија. Мајскиот мани фест, кој бил прокламација до
широките македонски револуционерни маси, ги прокламирал принципите
на слободно самоопределување на народите со посебен акцент на
македонскиот народ.
Ова скршнување на ВМРО и истапите против Цанков и офици-
јалните бугарски владејачки кругови довело до природна реакција кај
нив. Т. Александров и А. Протогеров се нашле под силен притисок да се
откажат од потписите на Манифестот, што и се случило на 1 август 1924
г. Тогаш, Т. Александров и А. Протогеров истапиле со една Декла рација
во која целата работа околу потпишувањето на Манифестот била оценета
како „ноторна лага и дело на егзалтирани комунисти”.
Но, наредниот ден, на 2 август, во органот на Илинденската
организација в. „Илинден” бил објавен факсимил од Мајскиот манифест
со потписите на Александров и Протогеров. Со објавувањето на
Мајскиот манифест во Бугарија, Т. Александров се нашол во мошне
де ли катна политичка ситуација. Против него бил изготвен план за физичка елиминација, кој бил реализиран на 31 август 1924 година, кај
селото Лопово - Пиринска Македонија. Иако се познати директните
извршители, непознато е кој бил вистинскиот нарачател на ова убист во.
Сепак, најверојатна се чини теоријата дека налогодавач за ликви дација на
Т. Александров биле бугарските воено-политички власти.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 20 Nov 2012 07:33
Last Modified: 20 Nov 2012 07:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1387

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item