Mitrev, Sasa and Arsov, Emilija (2015) Практикум по фитопатологија. ISBN 978-608-244-158-0.
Full text not available from this repository.Abstract
Овој практикум е наменет за практична настава по предметот Фитопатологија, за студентите на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Работата во фитопатолошката лабораторија бара придржување кон посебни прописи и услови на работа (хигиенски и заштитни мерки), не само во нашата фитопатолошка лабораторија туку тие прописи важат за повеќето лаборатории.
Неколку основни правила и прописи пред почнување со работа во фитопатолошката лабораторија:
- Пред почетокот на реализацијата на практичните лабораториски вежби, неопходно е студентите да имаат одредено претходно искуство во употребата на лабораториската опрема и инструменти, да ги имаат прочитано правилата за работа во фитопатолошката лабораторија и строго да се придржуваат кон тие правила на работа;
- За вежбите по фитопатологија, секој студент мора задолжително да има лабораториски бел мантил, водоотпорен маркер за стакло и практикум;
- Пред почеток со работа во лабораторијата задолжително треба да се измијат и дезинфецираат рацете;
- При практичната работа, вратите и прозорците треба да бидат затворени за да се спречи контаминација на хранливите медиуми и културите со кои се работи;
- Употребените инструменти и стаклениот материјал да беде ставен на строго пропишани места;
- Бактериолошките ези (платинести) задолжително се согоруваат пред и по работа со бактерискиот материјал, додека пластичните ези се фрлаат на пропишаните места;
- Работните површини после завршувањето со вежбите се средуваат, дезинфицираат и се оставаат чисти за следната вежба.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Emilija Arsov |
Date Deposited: | 06 Apr 2015 14:25 |
Last Modified: | 23 Dec 2016 13:05 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13028 |
Actions (login required)
View Item |